Ирски бискуп побарал оние кои гласале за абортус да се покајат кај него

Ирски бискуп ги повикал католиците кои гласале „ДА“ на референдумот за дозвола за абортус во Ирска да дојдат на исповед затоа што направиле грев.

Бискупот Кевин Доран изјавил дека католиците кои се бунеле за укинување на осмиот амандман треба да го признаат својот грев.

Ирска гласала за отстранување на своите контроверзни забрани за абортусот на референдумот во петокот.

66% од населението се изјаснило со заокружување на „ДА“ за отстранување на забраната за абортус, од вкупно 2,15 милиони гласачи. Тие го поддржуваат укинувањето на осмиот амандман кој досега забранувал абортус.

Бискупот Кевин Доран изјавил во понеделникот дека сите тие кои гласале за измена на референдумот сториле грев.

„Она што би им го рекол на католиците кои гласаа за ДА на референдумот, знаејќи и имајќи ги  предвид намерите дека тоа ќе заврши со забрана за абортус, би требало да ја разгледаат опцијата да дојдат на исповед кај мене“, изјавил Доран.

Доран, кој е бискуп на западна Ирска, изнел коментари и на државниот медиум, RTE Radio 1.

„Гласањето на секоја личност има морално значење и политичка содржина“, изјавил тој, додавајќи дека Католичката црква е семејство и никој никогаш не смее да се оддалечи од неа.

Корисниците на социјалните медиуми тврдат дека повикот на бискупот за покајание на гласачите за абортусот е само дополнување на темната историја на Католичката црква во оваа земја.

Во неделата ирскиот надбискуп Еамон Мартин изјавил дека Ирска го заборавила правото на живот на неродените и дека е на врвот на воведување либерален режим.

Имало неколку извештаи на социјалните медиуми за одреден број свештеници кои побарале од оние кои гласале за укинување на осмиот амандман од уставот на земјата и дозвола за абортусот да ја напуштат неделната миса.

 

 

Scroll to Top