Исчезна рускиот доктор што го лекуваше Навални, не се вратил од лов

Неколку месеци откако најистакнатиот критичар на Кремљ Алексеј Навални, беше отруен, рускиот доктор, кој му овозможи да се лекува, е пријавен за исчезнат. Александер Мураховски, кој во меѓувреме беше назначен за министер за здравство на сибирскиот регион Омск, не се вратил од лов во петокот, a веста за неговото исчезнување ја објави државната агенција ТАСС.

Локалните власти претходно објавија дека е исчезнат маж роден 1971 година, без да објават детали кој е изчезнат. Но, според извештајот на ТАСС, биле побарани дополнителни полицајци за потрага.

До пред неколку месеци Мураховски раководеше со клиниката во Омск, каде што беше Навални, кој сега е во затвор. Тој тука беше донесен откако му се слоши во авион минатиот август. Навални потоа беше пренесен на лекување во Германија, каде што го лекуваа во болница во Берлин. Според тестовите од неколку лаборатории, тој бил отруен со нервниот гас новичок.

Мураховски тогаш рече дека Навални не е отруен, туку се разболел од нарушување на метаболизмот. Навални го обвини дека ја фалсификувал дијагнозата и неговите поддржувачи го обвинуваат Мураховски дека го одложувал трансферот на Навални во Гермaнија во критичните моменти.

Во ноември тој беше унапреден во регионален министер за здравство.

Scroll to Top