Исчезнало големо парче земја под делот на Индискиот Океан

Нашата планета Земја нема облик на совршена сфера туку нејзината форма се менува во зависност од силата на гравитацијата и густината на земјата на која стоиме.

Геоидот, или обликот на земјата што го прават океаните само под влијание на гравитацијата и ротацијата на Земјата, без ветерот и плимата, покажува дека огромен дел од  земјата со длабочина од стотина метри буквално недостиг во Индискиот Океан, пишува „Индипендент“.

Веќе долго време научниците се обидуваат да сфатат како е можно да дојде до такво нешто, а некои стари теории говорат за тоа дека оладените густи океански тектонски плочи се имаат пробиено во Земјината кора.

„Овој проблем е една од најголемите мистерии поврзани со Земјата и нејзината формација. Она што е фантастично е тоа што постои некој реален дефицит на маса и материјали некаде длабоко во земјата, нешто поради што се  појави ваква, лаички кажано, дупка“, вели еден од авторите на најновата студија, професор Отри Гош, од Индискиот институт за наука.

Истражувањето е објавено во научното списание Geophysical Research Letters, каде што се тврди дека пропаѓањето на материјалот во Индискиот Океан е предизвикан од издигање на материјалите на подрачјето на континентот Африка. Индискиот потконтинент се движи кон североисток, а истовремено го турка континентот и предизвикува жешка магма на длабочина од 300 до 900 километри на подрачјето на Африка, додека истовремено отвора дупка јужно од Индија.

Аномалијата е објаснива, но научниците не знаат дали процесот е во фаза на природен крај или ќе продолжи да расте и што тоа точно ќе се случи на површината на Индискиот Океан, односно неговите струи и тектонските активности во тој дел на светот.

 

 

 

 

 

Scroll to Top