Ја фатил жена му во кревет со синот на Слободан Милошевиќ, бил убиен откако двајцата ги претепал, а неговото убиство до ден денес остана мистерија

Владимир Ковачевиќ (39) познат како Треф бил ликвидиран на 20 февруари 1997 година на влезот во Сава центарот, пред канцеларијата на неговата фирма. Неговото убиство до ден денес остана неразјаснето. Можеби и заради тоа што злосторството често е доведено во врска со некогаш неговиот најдобар пријател, Марко Милошевиќ, синот на бившиот претседател на Србија Слобан Молошевиќ.

Марко на местото на убиството стигнал само неколку минути по полицијата. Плачел додека разговарал со полицајците, но во кругот на тогашното подземје се говорело дека глумел и дека не бил искрен. Синот на Ковачевиќ, Андреј, кој исто така бил убиен само неколку години подоцна, тврдел дека Марко е поврзан со убиството. Андреј имал причина да се сомнева дека токму пред неговата смрт наводно се случил првиот и единствен конфликт меѓу дотогаш најдобрите пријатели.

Треф во тоа време бил познат како пријател и соработник на синот на Милошевиќ. Бил успешен тркач, а во 1992 година го отворил и неговиот сопствен авто-мото клуб „Треф“, во кој истата година доаѓа и Марко и почнува да вози на неговите трки.

Автомобилот Golf VR6 кој некогаш го возеле Треф и Марко и понатаму е во функција. Во тоа време, во деведесетите, бил офарбан во жолта боја, која му била омилена на Треф. Двајцата  брзо потоа станале добри пријатели, а успехот кој го постигнале бавејќи се со спорт, одлучиле да го постигнат и во работата.

Во тоа време, увозот на цигари бил еден од најпрофитабилните бизниси во Србија. Шверцувале на разни страни и места, а најголемиот дилре бил Марко. Она што е интересно е фактот што Inter Sport бил единствена фима која увезувала цигари во тогашна Југославија, а со неа управувал туку Треф.

Еден повик бил доволен за шлеперите на Марко бидат пуштени од границата со Бугарија.Цигарите се чуваат во фри-шоповите на Треф.

До распад на пријателството доаѓа кога Треф се враќа дома затоа што го заборавил пасошот. Кога се вратил го фатил Марко со неговата втора жена Бојана во кревет. Ги претепал и двајцата, а на Марко и му се заканил дека ќе го убие. Брзо потоа Треф го убиваат, а откако приказната во јавност ја раскажа и неговиот син од првиот брак, и него го убиваат.

Работата со шверцот на цигари ја продолжуваат Марко и Бојана. Сумите кои ги заработувале биле огромни. Станувало збор за неколку стотина милиони марки во тоа време, кои ги изнеле од Србија одма по 5. октомври. Сите луѓе кои можеле да се видат на улиците како продаваат цигари, работеле за Марко, иако тоа тие не го знаеле.

Приказни има многу, но докази малку, па смртта на Владимир Ковачевиќ до ден денес остана мистерија. Неговото убиство е прво во серијата убиства на луѓе од непосредното опкружување на Слободан Милошевиќ.

 

 

Scroll to Top