„Ја фотографирав принцезата додека умираше“ – Новиот документарец открива шокантни детали

Братот на принцезата Дајана пробал во Велика Британија да го спречи емитувањето на документарниот филм во кој е прикажан љубовниот живот и пропаднатиот брак со принцот Чарлс.

Британскиот телевизиски канал Ченел 4 потврди во разговор со братот на Дајана, Чарлс Спенсер дека документарецот сепак ќе биде прикажан како што е предвидено во програмата, на 6 август.

Филмот „Diana: In her own words“ (Дајана: Со сопствени зборови) снимен е на основа на видео снимки од 1992 и 1993 година кој ги направил Питер Сетелен, професор по дикција на принцезата која почина на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз.

Филмот е веќе прикажан во 2004. година на американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си по судската битка со семејството на Дајана, но тој никогаш не е прикажан во Велика Британија, иако на интернет е достапен за сите.

Британските медиуми се повеќе и посветуваат внимание на покојната принцеза.

Дајана во филмот говори како размислувала да побегне од Бакингемската палата во ’80-тите години со својот телохранител Бери Манакиј во кого се заљубила, но тој починал во 1987 година во сообраќајна несреќа.

Принцезата дури споменува дека нејзиниот љубовник можеби е елиминиран. Таа говори и за брачните проблеми со принцот Чарлс и го критикува кралското семејство, посебно кралицата Елизабета Втора од која, како што вели, немала поддршка.

На емитувањето на документарецот реагираше и пријателката на Дајана, Роз Монктон.

-Замислете како ќе го растажи нејзиното семејство, а посебно нејзините синови, истакна Монктон.

Scroll to Top