Веста за успешното тестирање на руската хиперсонична ракета „Циркон“, која беше објавена на 19 јули предизвика бурна дискусија меѓу јапонските интернет корисници, кои се загрижија за безбедноста на својата земја. Тие на јапонскиот форум „Yahoo News Japan” ги искажаа своите ставови.
„Лошо ни се пишува! Кога ние ќе имаме такво оружје?!, пишува sin.
„Ако оваа ракета носи нуклеарна боева глава, нема спас од неа. Армагедон!“, смета j_m.
„Би било добро Јапонија да не стане мета на тој „Циркон“!“, истакнува pux.
Додека некои од нив се исплашени и загрижени, други се веселат за рускиот успех.
„Русите се паметни! Не случајно беа први во вселената! Само кога би можеле да ја поврземе нивната генијалност со нашата практичност!“, пишува ТМК.
Некои од корисниците се обидоа да повлечат паралела помеѓу тестирањето на ракетата и меѓународната манифестација којашто се приближува.
„Обрнете внимание на времето кога е тестиран овој „Циркон“. Токму во пресрет на отворањето на Олимпијадата во Токио. Зарем не мислите дека во тоа има некаква скриена смисла во тоа?“, се прашува shy.
За потсетување, руската фрегата „Адмирал Горшков“ успешно истрела хиперсонична ракета и погоди цел на копно. Се истакнува дека во текот на тестирањето биле потврдени очекуваните тактичко-технички карактеристики на ракетата, која се движела со брзина од седум маха.