Како футуролозите пред 45 години ја замислувале Југославија во 2000 година!

By

„Југославија 2000 година“ беше темата што пред 45 години беше интересна за многумина. Прашањата биле многубројни, а секако најголем интерес имало за тоа како ќе изгледа светот, каква технологија може луѓето да очекуваат и што ќе им биде достапно на сите луѓе…“

dobivaj vesti na viber

Многу угледни експерти и аналитичари го дале тогаш своето мислење за тоа како Југославија ќе изгледа во 2000 година.

Предвидени се трансплатација на органи, нови начин на телекомуникација, нови медицински техники, но не бил предвиден самиот распад на Југославија.

Американските футуролози светот во 2000 година го замислиле поделен во шест групи: видно постиндустриски (од 60 до 200 долари на жител), во развој (од 600 до 1.500 долари), високоиндустриска (од 1.500 до 4.000 долари), рано постиндустриска (од 4.000 до 16.000 долари) и шестата група – високо постиндустриска со над 16.000 долари на жител.

Според пресметките на економистот Милош Синџиќ, Југославија во 2000 година требало да оствари по 2.520 долари на жител, со што би била сместена во групата високоиндустријализирани земји.

„Во тој слуачј би го достигнале нивото на стандардот што го имала Шведска во 1965 година, а која денеска спаѓа во една од најбогатите земји на светот. Југославија во периодот од 30 години би имала десет милиони жители повеќе од денес, околу 30 милиони“, стои во текстот кој е пренесен на блогот Yugopapir.

Експертите во 1969 година тврделе дека светот ќе се промени и изнесоа некои од своите предвидувања.

Предвиделе нови начини на комуницирање, односно целосно нови телекомуникации, а за 2000 година најавиле и нови видови материјали отпорни на висока температура.

„Жените требало да купуваат фустани за еден ден, за едно попладне, а конзервативните мажи ќе набавувале облека дури за неколку децении, ако така сакаат. Не било исклучено, иако до крајот на таа деценија биле малку веројатни, да има и директен пристап до човековата меморија, зголемена човечка интелектуална способност, непосредно поврзана на човечкиот мозок со компјутерите, сето тоа видно подмладување или продолжување на човековиот век во рок од 150 години“, се наведува во текстот.

Така, истакнато е дека во 2000 година луѓето ќе ја применуваат својата хемиска и биолошка контрола на карактерот и интелектуалниот процес. Така, предвиделе и вештачка интелегенција, како и вештачко производство на органи.

Во 2000 година, се наведува во текстот, луѓето било замислено да работат со помош на евтини, практични и безбедни нови медицински техники, а до крајот на 20 век сите требало да имаме избор да го одбереме и полот на нашите деца, благодарение на разните видови генетска контрола кои влијаат на основната конституција на поединецот, а ако тоа го сакаат, може да се промени и полот на возрасните.

Интересен е и делот за тоа како било замислено да се работи.

„Човекот во иднината било замислено да работи во денеска незамисливи услови. Било замислено да има повеќе светло, а кога луѓето ќе бидат уморни, ќе може да се забавуваат и во сон“.

Имено, футуролозите миселе дека ќе биде можно однапред да се програмира сонот.

„Автоматсктие продавници ќе ни обезбедат синтетичка храна и пијалаци полни со протеини, ензими и витамини“.

Меѓу десетте, како што футуролозите ги нарекуваат, далечни можности, се наоѓа и таа дека човечкиот живот ќе бил продолжен не само на 150 години, туку до бесмртност!

Меѓу другото, наведено е дека би дошло до зголемување на пченката за пет милиони тони, а таа требало да стане стратешка суровина на Југославија.

Ќе ви се допадне