Камуфлирани вонземјани живеат меѓу луѓето

Професор Џонатан Малкисом од Универзитетот во Калифорнија вели дека има докази дека вонземјани живеат на Земјата од кога луѓето постојат.

На конференцијата одржана во 2000 година Малкисом на новинарите им рекол дека вонземјаните живеат меѓу нас како набљудувачи, маскирани така што можат да се вклопат меѓу другите луѓе.

Според зборовите на професорот од Универзитетот во Калифорнија, вонземјаните го усвоиле човечки изглед за да можат да го проучуваат животот на Земјата.

„Тоа е како екстремна верзија на камуфлажа која се наоѓа кај некои инсекти и животни. Според историските записи, на Земјата од почетокот на создавањето имало вонземјани“, вели Адриан Кент од Периметар институтот за теориска физика во Канада.

Во книгата се говори за конфликтот меѓу Јаков и Господ: „И Јаков остана сам, а човекот се борел со него сè до зорите“.

Неодамна дури е и сугерирано дека Нефилите, потомците на Господ и смртните жени, всушност се вонземјани.

Тврдењето за вонземниот живот не е ништо ново. Тоа од неодамна доби замав.

ЦИА декласификуваше информации за случајот „Розвел“ во кој се наведува дека се пронајдени три вонземски трупа по несреќата, заедно со остатоците од нивниот брод. Причината за несреќата не е позната, а можно е вонземна опрема да била погодена од земјените радари или бродот бил погоден од гром.

Сè повеќе информации се откриваат од страна на извори на ЦИА, или се признаваат од страна на научниците, а исто време сè е поголем бројот на луѓе кои го бележат тоа што го виделе и има сè поголем број докази за постоењето на вонземјани.

Без разлика дали вонземјаните во моментов живеат меѓу луѓето или не, научниците и понатаму се подготвуваат за контакт меѓу луѓето и вонземјаните.

 

 

 

 

Scroll to Top