Ким Џонг-ун не ги сака вакцините од меѓународната заедница, ќе се борел против коронавирусот на свој начин

By

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја одбил понудата од меѓународната заедница, да земе вакцини против коронавирусот. Наместо тоа, тој рече дека ќе се борел против пандемијата во негов стил и ќе воведе уште построги мерки и ограничувања, за и онака веќе изолираната земја.

И покрај тоа што луѓето на секаде низ светот се обидуваат на секаков начин да дојдат до помош или да побараат решенија за глобалниот проблем, се чини дека Северна Кореја и во овој случај, како и во сè друго, претставува изолиран остров, далеку од светот, пренесуваат медиумите.

„Сегашната ситуација со светската пандемија, која излегува од контрола, бара големи и силни зафати во целата земја“, рече Ким на состанокот на Политбирото во четвртокот минатата недела, а пренесе Корејската централна новинска агенција.

„Заострувањето на мерките е задача од највисока важност и не смее да попушти ни за момент“, додал Ким.

Северна Кореја ја смета пандемијата за прашање од национален опстанок и покрај тоа што досега не е потврден ниту еден случај на ковид. Земјата ги затвори своите граници за да нема преносители на вирусот, пренесува „Њујорк пост“.

Пјонгјонг сега ја одби понудата на вакцини од Кина, како и АстраЗенека, пренесува „Ројтерс“. Наместо тоа, тие ја нагласија потребата за други мерки за спречување на вирусот. Ким го предупреди својот народ да се подготви за продолжување на ограничувањата.

Тој рече дека границите ќе останат затворени и покрај влошените економски и прехрамбени услови. Од УНИЦЕФ, кој ги испорачува вакцините во име на програмата на дистрибуција на короната, рекоа дека Пјонгјанг предложил 3 милиони дози Синовак, да им се доделат на тешко погодените земји.

Некои експерти веруваат дека Северна Кореја се сомнева во ефикасноста на Синовак вакцината. Тие се сомневаат дека таа може да предизвика крвни згрутчувања кај некои луѓе, кои ја примиле вакцината Астра Зенека.

Лиф-Ерик Исли, професор по меѓународни студии на универзитетот Евх Воманс во Сеул, рече за агенцијата „Асошиетед прес“, дека Пјонгјанг веројатно сака да добие ефикасна вакцина.

„Се чини дека Пјонгјанг има проблеми со КОВАКС системот, кој вклучува и законска одговорност и бара да се известува детално за дистрибуцијатa“, рече Исли.

„Режимот на Ким веројатно ја сака најсигурната и најефикасната вакцина за елитата, но, администрацијата на Фајзер бара подобрување на разговорите со САД. Опцијата Џонсон и Џонсон исто така би можела да биде корисна за Северна Кореја со оглед на преносливоста на вакцината и еднократниот режим“, додал тој.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш неодамна побарал од Северна Кореја да ги превземе сите потребни мерки, вклучувајќи ја и меѓународната соработка и помош, за да им овозможи на сите лица пристап до вакцините против ковид 19, без дискриминација.

Во меѓувреме, Ким во четвртокот повика на засилување на напорите за да се спречи нанесување на штета на економијата, која е погодена од меѓународните санкции и самонаметнатата блодака на границата со цел да спречи пренос на ковид 19.

„Ким ја согледа потребата од превземање на силни мерки за надминување на ненормалнаа клима, чија опасност во последните години е сè поголема“, наведува KCNA.

Меѓу мерките кои ги превзема е подобрување на реките, пошумувањето, заради контрола на ерозијата, одржувањето на насипите и проекти за напливот на плимата и осеката, објави Ројтерс.

 Извор/Курир.рс

Ќе ви се допадне