Ким Џонг-ун тајно ја погубил својата сопруга

By

Исчезна сопругата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ри Сол-ју, пишуваат тамошните медиуми. Ри не е видена во јавност од јануари оваа година. Нејзиното исчезнување иницира низа шпекулации во јавноста вклучувајќи ја и таа дека диктаторот моежби тајно ја погубил.

Медиумите не веруваат дека вистината е до толку мрачна и изнесуваат три најприфатливи теории, пренесува српски Курир.

Според едно толкување, Ри има здравствени проблеми и поради тоа се повлекла од јавноста. Некои велат дека можеби станува збор за некој потежок случај со член во нивното семејство. Многумина веруваат дека е тешко болна и тетката на Ким, Кјунг-хи, и дека Ли се грижи за неа.

Ри последен пат е видена во јавноста на 21 јануари на гала-концертот во Пјонгјанг по повод прославата на Лунарната Нова година, а Кјунг-хи, која претходните шест години никогаш не се појавила во јавност, им се придружила на внукот и на неговата сопруга.

Во 2013 година е објавено дека нејзиниот сопруг Џанг Сон-тек бил погубен по наредба на Ким поради корупција и предавство. Некои заговорници претходно тврдеа дека Ким ја убил тетка си со противавионско оружје.

Но, на крајот излезе дека Ким, сепак, се погрижил најстариот член во семејството и ќерката на основачот на Демократската Народна Република Кореја, Ким II-сунг, и сестра на Ким Џонг-ил, да ја добие целата потребна нега што ѝ е потребна.

Некои тврдат дека тој ѝ наредил на сопругата да се грижи за тетка му сметајќи дека тоа е најдобар начин и доказ за неговата наклонетост.

Според друга теорија, поранешната пејачка Ри се посветила на образованието на ќерка си за која се зборува дека е родена уште во 2013 година. Американскиот НБА-кошаркар Денис Родман изјавил дека го држел детето во прегратка и дека го нарекол Џу Е.

Теоретски, девојчето оваа година би требало да тргне на учичиште, но можно е да се образова дома, а дека мајка ѝ ѝ помага и ја подготвува за улогата ќерка на владетелот.

На крајот, можно е да таа не сака да се појавува во јавност поради страв од коронавирусот. Таа се плаши дека може ќе ги зарази своите деца, кои, според последните извештаи на тајните служби, се три. Најмалото дете Ким го добила во 2017 година.

Треба да се напомене дека пред една година постоела слична терија за Ри кога четири месеци не била видена во јавноста, а тогаш луѓето претпоставувале дека можеби повторно се породила.

Претходно оваа година, медиумите наголемо известувале за мистериозното исчезнување на Ким Џонг-ун, а се коваа теории дека тој е тешко болен, па дури одеа дотаму дека можеби и починал, а дека човекот што се појавувал во јавност бил негов двојник.

Извор/Курир.рс

 

Ќе ви се допадне