Кина почна да ја гради најголемата светска 5Г-мобилна мрежа. Ова денес го соопштија од кинеското Министерство за индустрија и информациска технологија (МIIT).
Државата изградила вкупно 792.000 базни станици со 5Г-мрежа до крајот на февруари годинава, а бројот на мобилни телефони поврзани на оваа мрежа достигнал 260 милиони.
Ова го изјавил Луи Лихонг, заменик-министерот на MIIT, на конференцијата за новинари, пренесува Sinhuanet.com.
Министерството исто така проценило дека испораката на мобилните телефони на 5Г-мрежата во Кина претставува 80 % од вкупните пратки во втората половина оваа година.
Кинеската брзина на мобилната мрежа го зазема четвртото место меѓу 139 земји и региони, изјавил Лиу повикувајќи се на податоците од Меѓународната агенција за мерење на брзината.
Кина има намера да изгради повеќе од 600.000 5Г-базни станици до 2021 година.