Кина му оебзбедила на Ким Џонг-ун експериментална вакцина против коронавирус

Кина му обезбедила Ком Џонг-ун и неговото семејство експериментална вакцина против коронавирус, вели американскиот аналитичар Хери Казианис, повикувајќи се на два неидентификувани јапонски известувачки извори.

Казианис, кој е експерт за Северна Кореја во тинк-тенк Центарот за национален интерес во Вашингтон, изјавил дека биле вакцинирани семејството Ким, со уште неколку високопозиционирани севернокорејски официјални лица, пренесува „Ројтерс“.

Засега не е познато која е компанијата која му ја испорачала вакцината на семејството Ким и дали е докажано дека истата е безбедна, додал тој.

Повикувајќи се на американскиот медицински експерт Питер Хотез, Казиоанс навел дека најмалку три кинески компании развиваат вакцина против коронавирусот, вклучувајќи ги и групацијата Sinovac Biotec, CanSinoBie и Sinofram group.

Некои експерти се сомневаат дека Ким веќе ја примил експерименталната вакцина.

Scroll to Top