Кина набргу ќе го нокаутира петродоларот тргувајќи нафта во јуани

Како еден од најголемите светски извозници на енергенти Кина успешно ја заврши својата петта транша на размена на нафтени договори, која се темели на јуани.

Чекорот веќе е наречен предизвик на Пекинг кон американскиот долар.

Според „Блумберг“, кој ја цитира изјавата за размена, 149 члена на кинеската берза Shanghai International Energy Exchange во симулираната вежба тргувале со 647,930 нафтени транши со вкупна вредност од 268,2 милијарди јуани. По вежбата, системот се соочил со попис на барања во врска со нафтените договори.

„Овој договор има потенцијал во голема мера да  ѝ помогне на Кина за интернационализација на јуаните“, изјавила Јао Веи, главната кинеска економистка на банката „Сосиете женерал“ во Париз.

„Таа додала дека неговиот успех зависи од критичната стапка на слобода дозволена за толкав капитал во врска со договорот“, пренесува „Раша тудеј“.

Поранешниот главен шеф за Кина во Меѓународниот монетарен фонд, Есвард Прасад, изјавил:

„Не е неразумно да се замисли светот во кој повеќето од договорите на пазарот на стока, особено за нафтата, повеќе не се номинирани само во долари“.

„Но, улогата на јуанот во глобалното финансирање конечно ќе се утврди низ стапката на посветеност на владата на Шји Џјинпинг и низ нивните економски и финансиски реформи на пазарот“.

Од 1970 година глобалната трговија на нафта речиси во целост се спроведува во американски долари.

Најголемиот потрошувач на енергија, Кина, е заинтересиран за нафтени договори во својата валута јуан. Пекинг планира да воведе своја надмоќ, одредница, која треба да биде конкуренција на Brent и West Texas Intemediate.

Аналитичарите велат дека кинеските власти првин мора да ги убедат големите произведувачи на нафта и потрошувачите да користат јуан и да вложуваат во шангајскиот пазар.

Кинеската влада претходно оваа година ги најави плановите за почеток на трговија со нафтени договори во јуани и дека тие ќе може да ги претвори во злато.

Договорот ќе им овозможи на трговските партнери во земјите да платат со злато или да го претворат јуанот во злато, без потреба да ја задржат вредноста во облик на имот во Кина или да го претворат во долари.

Новото мерило наводно ќе им овозможи на извозниците, како што се Русија, Иран и Венецуела, да ги избегнат американските санкции на трговија со нафта во јуан.

Во септември Венецуела направи преседан и го отфрли доларот како средство за плаќање во трговијата со нафта.

Каракас им нареди на нафтените трговци да ги претворат договорите на сурова нафта во евра и повеќе да не тргуваат со нафта во долари. Мерката следуваше по наметнатите санкции од страна на САД против Венецуела.

 

 

 

 

Scroll to Top