Кина осуди Канаѓанец на 11 години затвор, велат дека шпионирал и крадел тајни

By

Кина го осуди канадскиот бизнисмен Мајкл Спавор на 11 години затвор поради шпионажа и крадење тајни. Судењето се одржа во март, но одлуката се објави дури денеска, поради рочиштето за екстрадиција на финансиската директорка и ќерка на сопственикот на „Хуавеј“, Менг Вангжу.

dobivaj vesti na viber

Таа требаше да биде екстрадирана од Канада во САД. Судењето за Спавор се одржа зад затворени врати, што е вообичаено во Кина во случаи на шпионажа.

Спавор беше уапсен кон крајот на 2018 година под обвинение за загрозување на националната безбедност, набргу откако канадските власти, по налог на САД, ги уапсија финансискиот директор на „Хуавеј“ и Вангжу, во Ванкувер.

Менг Вангжу пред три години беше уапсена во Канада по американска потерница. Според Пекинг, канадското апсење не е поврзано со нивниот случај. Вангжу ги отфрла обвиненијата на САД против неа и се бори против екстрадиција од домашен притвор во Ванкувер

Уште еден Канаѓанец, поранешниот дипломат Мајкл Ковриг, исто така беше приведен, а потоа притворен истовремено со Спавор под слични обвиненија.

Во декември 2020 година кинеското Министерство за надворешни работи објави дека ја завршиле истрагата за Ковриг и Спавор и дека случајот е предаден на обвинителството.

 

Ќе ви се допадне