Кинезинка бара оштета од владата за смртта на татко ѝ кој починал од коронавирус

Џао Леи девојка од градот Вухан ја тужи кинеската влада и ќе бара оштета и извинување затоа што ја смета одговорна за смртта на татко ѝ кој починал од коронавирус.

Таа почнала да превзема законски мерки против својата влада, поради, како што таа вели, погрешниот одговор и превземени мерки соодветни за пандемијата Ковид 19, која го убила татко ѝ.

Таа ги обвинува официјалните владини и службени лица дека ја заташкале целата работа со коронавирусот, криејќи некои од информациите кои требале да бидат достапни за јавноста.

Таа поднела тужба барајќи компензација и ретко јавно извинување од владата, известува „Скај њуз“.

„Мислам дека владата заташкала некои факти со коронавирусот. Поради тоа луѓето од Вухан продолжиле да живеат како и претходно и сосема нормално ја дочекаа кинеската Нова година, не преземајќи никаква заштита“, изавила таа за агенцијата.

39 годишната жена изјавила дека пропустот на официјалните лица, да во целост ги известат луѓето за вирусот, значи дека нејзиниот татко се заразил и починал.

„Мислам дека владата ги сокри фактите дека коронавирусот може да се рашири од луѓе на луѓе. Ја сметам владата за одговорна и барам да ми плати за тоа“, изјавила таа.

Таа изјавила дека нејзиниот татко на крајот на јануари се зарзил со Ковид 19, но дека немало итно помош која би ја однела во болница, заота што итните служби биле преплавени.

Кога конечно стигнал до болница, било прекасн, ја известиле лекарите. Тој починал од респираторни инсуфицијенција, додека седел во чекалната.

„Не можам тоа да го прифатам. Не можам да го прифатам фактот дека некој само туку така може да почине“, изјавила таа.

Џао одлучила да продолжи со тужбата иако општинскиот суд ја одбил нејзината пријава, а властите ја посетиле и ја предупредиле да не говори премногу, известува „Скај њуз“.

„Мислам дека мојата тужба е добра за нашата земја. Тоа може да ги предупреди луѓето дека, ако следниот пат имаме катастрофа, можат да направат нешто за да се спречат лошите исходи. Можеме да спасиме уште луѓе“, изјавила Џао, која својот случај го води во врховниот суд Хубеи, во провинција на Вухан.

Кина во повеќе наврати инсистирала да постапи отворено и транспарентно, во своите постапки со пандемијата, е наведено во извештајот.

Но, Џао тврди дека нејзината верзија е вистинита и вели дека таа не излажала.

„Не ги измислив јас гласините“, изјавила таа.

Scroll to Top