Кисинџер: Уништувањето на „ИСИС“ би можело да доведе до радикално иранско царство

Хенри Кисинџер изјави дека доколку ИСИС биде уништен, ситуацијата на Блискиот исток би можела да заврши полошо со појавата на „радикалниото иранско царство“, во целиот регион.

Ако територијата на Исламската држава ја завзеде иранската револуционерна гарда или шиитските сили обучени и насочени кон тоа, резултатите би можеле да бидат појава на иранското радикално царство преку целиот Блиски исток, предупреди поранешниот американски државен секретар во недамнешниот текст објавен на CapX.

Бреитбарт известува дека Кисинџер предупреди дека во случаите со ИСИС, и Иран, стариот афоризам, „непријателот на мојот непријател е мој пријател“, повеќе не држи вода, затоа што по уништувањето на синитската терористичка група ќе настане „територијален појас кој ќе се протега од Техеран до Бејрут“, кој ќе ги окупира иранските и шиитските сили.

Преку големите подрачја на Ирак и Сирија, идеолошката радикална верска војска на ИСИС самата по себе се прогласи немилосрден непријател на модерната цивилизација, барајќи насилно да се замени меѓународниот систен со единствено Исламско царство, со кое ќе управува шеријатскиот закон.

Во тие околности, традиционалната изрека дека непријателот на мојот непријатели, може да се смета за пријател, повеќе не вреди. Во современиот Блиски исток, непријателот на мојот непријател, може да биде ваш непријател. Блискиот исток влијае на светот преку нестабилноста на своите идеологии, онолку колку и по своите специфични акции.

Извесната светска војна со ИСИС, може да послужи како илустрација.

Повеќето влади кои не го поддржуваат ИСИС вклучувајќи го и шиитскиот Иран и водечките сунитски држави – се согласуваат дека ИСИС не треба да се уништи.

Но, кој ентитет би требало да го наследи нивната територија? Коалицијата на сунити? Или сферата на влијание со кој доминира Иран? Одговорот е непознат, дали Русија и НАТО земјите ја поддржуваат спротивставените страни.

Ако териториајта на ИСИС го завзеде иранскиот револуционерен град или обучените шиитски сили, резултатот би можел да биде територијалниот појас кој се протега од Техеран до Бејрут, кој би можел да означи појава на иранското радикално царство.

 

Scroll to Top