Климатските промени во античкото време се резултат на недостиг на CO2 во атмосферата

Истражувачи од Универзитет во Саутемптон откриле древни докази кои укажуваат дека нивото на јаглерод диоксид во атмосферата влијаел на климатските промени пред стотина милиони години. Но, ова не се резултатите кои сакаат да ги слушнат денешните модерни климатолози.

Модерните истражувања за климатските промени очајнички сакаат да го доведат во врска растот на ниво на јаглерод диоксид со „климатските промени“.

Недостигот на јаглерод диоксид во атмосферата довел до темелна промена на температурите пред околу милион години.

Меѓународниот истражувачки тим го користел моделот „Состав на Земјата“ со геохемиски мерења за да ја одреди промената во континенталниот леден мраз.

Таквите услови траеле околу 400.000 години во она што е познато како период на среден плеистоцен.

Истражувачите го увиделе ова кога откриле абнормална абрупција, која се појавува во Миланковиќ циклусите, кои се појавуваат на секои 40.000 години. Во текот на едно јавување на Миланковиќ циклусот во природата, ледената доба е дел од нормалните циклуси предизвикани од редовните промени и начини на кои Земјата кружи околу Сонцето.

Овој природен циклус исто така е под влијание на тоа како Земјата се врти околу својата оска во однос на гравитациските сили на другите планети. Обично овие циклуси се предвидливи. Небесните промени предизвикуваат климатски циклуси од ниски глацијални интервали во кои континенталниот мраз покрива поголем дел од Северна Америка и Европа, до топлата интерглацијална клима која го топи мразот во Европа и Северна Америка.

Промената во тој природен циклус се случила пред околу милион години менувајќи го Миланковиќ циклусот во шема на замрзнување и топење во подолг временски период од 100.000 години. Ова нарушување е воочено во време кога нивото на јаглерод диоксид било најниско.

Доктор Том Чалк од Универзитетот во Саутемптон објаснил дека мразот од антарктичкиот глечер покажува промена во количината на атмосферскиот CO2 во текот на тој прекин во климата.

„Количината на CO2 била ниска во студениот период, а била поголема за време на топлото време. Овој CO2 дејствувал како клучно помагало на релативно кратките климатски промени“.

Доктор Чалк напоменал дека со анализирање на ледените глечери се добиваат информации само за до пред 80.000 години. За да се испита нивото на јаглерод диоксид во текот на транзитниот период, тимот морал да осмисли техника со која би се испитал изотопскиот состав на школките од античките морски фосили, пишува „Naturalnews“.

Во обид да испита што нè очекува во блиска иднина, независниот научен советник Матис Хаин користел биогеохемиски модели за да утврди зошто CO2 во ледената доба се намалил за 20-40 ppm (промили).

Со други зборови, климатските промени во текот на тој период биле предизвикани од комплексно пониски ефекти, вклучувајќи ги и морската струја, содржината на железото во прашината во Јужниот Океан, евентуалното исчезнување на растот на фитопланктонот, блокирањето на CO2, во океанското дно, и недостигот на CO2, кое се враќа назад во Земјината атмосфера.

Сложеноста на Земјината клима, природните циклуси и неговиот однос со небесните циклуси не треба да се банализира за да се спроведе планот на сензационалистичките климатски промени.

Истите би можеле како резултат на човечката активност да предизвикаат пропаст на планетата.

Поголемиот дел од Земјината кора е надвор од човековата контрола.

 

Scroll to Top