Само неколкумина луѓе на планетава земја успеаја да остварат профит и да заработат милијарди долари во екот на пандемијата со коронавирусот. Како што е наведено во извештајот на швајцарската банка UBS, нивното богатство пораснало на 10,2 билиони долари.
Како што е наведено во овој извештај, за време на кризата што ја предизвика пандемијата со Ковид-19, од април до јули, нивното богатство пораснало за 27,5%, во време кога милиони луѓе останаа без работа, пренесува британскиот дневник „Гардијан“.
До порастот на нивното богатство дошло во прв ред поради берзанските движења во текот на пандемијата, кои биле на најниско ниво поради глобалните мерки за каратин во месеците март и април.
UBS соопшти дека богатството на милијардерите достигнало нов максимум, надминувајќи го претходниот рекорд од 8,9 билиони долари, кој се случи на крајот на 2017 година.
И бројот на милијардери исто така достигна нов максимум, сега ги има 2.189, додека во 2017 година бил 2.158. Џозеф Стадлер, шефот на одделението за глобални семејни канцеларии во UBS, изјавил дека милијардерите профитирале уште повеќе од кризата затоа што имале стомак да купат повеќе акции од компании во периодот кога пазарите ширум светот се распаѓале.
Но, вредноста на акциите на поедини технолошки компании кои се во сопственост на милијардерите значително пораснале во последните неколку месеци. Стадлер смета дека милијардерите имаат апетит за значаен ризик.
Тие се сигурни дека нема да ја прокоцкаат својата среќа. Првиот човек на американската корпорација на „Амазон“, Џеф Безос, и понатаму остана најбогатиот човек на светот, а неговото богатство е проценето на 189 милијарди долари.