Кока-колата ги прави малите деца подложни на болести

By

Слаткиот пијалак не е штетен само за забите. Според неодамнешните истражувања, децата на возраст од две до три години кои консумираат газирани пијалаци засладени со шеќер може да имаат кратки теломери.

Истражувањата на Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско (UCSF) откриле дека ако во раната фаза се влијае на менување на должината на теломерот или „заштитната завршна капа на ДНК во кромозомната клетка“, тоа би можело да влијае дури и на ризикот од хронични болести кај децата.

Теломерите се намалуваат како што луѓето растат, а таа промена често е поврзана со метаболичните и воспалителни заболувања, како што се болестите на срцето, дијабетисот од тип 2, цироза на црниот дроб и улцерозен колитис.

Џанет Војцицки, професор на Одделот за педијатрија од Универзитетот во Сан Франциско и главен автор на студијата, објаснил дека истражувањата утврдиле дека должината на теломерот драстично се скратува во првите години од животот, но не е познато дали тоа е поврзано со хроничните заболувања.

За потребите на истражувањата, научниците од UCFS ја проверувале должината на теломерот на белите крвни клетки, кај 61 латиноамерикански деца кои пиеле пијалаци од типот на слатки сокови и кока-кола.

Должината на теломерот е мерена со метод што се нарекува qPCR, кој го споредиле со соодносот на количината на теломерот во однос на количината на копираниот ген (T/S)“. Овие податоци покажуваат просечна должина на теломерот во популацијата на клетките. Мерењата се спроведени во рана возраст, а потоа повторно во текот на претшколските години.

Истражувачите откриле дека вредноста на t/s, со цел да се оцени длабочината на теломерот, во просек изнесува 1,58. Секоја месечна порција со слатки напитоци поврзана со t/s која изнесува 0,0009, помалку од просекот, подразбира кратка должина на теломерот.

Војцицки изјави дека и покрај релативно ниското ниво на потрошувачка на слатки газирани пијалаци, студијата покажала дека зачестената потрошувачка на слатки пијалаци кај децата би можела да биде поврзана со должината на теломерот, која ја одржува и врската која може да се открие во некои истражувања кај возрасните.

Најмалку 62% од децата во студијата почнале да пијат слатки сокови од две до три години, а просечниот број порции бил најмалку пет до шест порции месечно.

Треба да се има на ум кај резултатите од ова истражување и поврзаноста на потрошувачката на слатки газирани пијалаци со должината на теломерот дека тие биле подолги кај децата кои не се дебели.

Војцицки заклучил:

„Ние треба да го засилиме поттикот кај луѓето да сфатат дека изложеноста на слатките пијалаци во текот на мајчината бременост и непосредно по раѓањето може да влијае на здравјето низ целиот живот“.

 

 

Ќе ви се допадне