Конечно ќе се разреши мистеријата за потонувањето на Титаник, научниците направија е 3Д снимка

Мистеријата за Титаник сè уште не е откриена иако од неговото потонување помина повеќе од еден век. Уште не е откриено што точно се случило таа трагична ноќ во 1912 одина, кога потона бродот со преку 1500 луѓе на него. На Титаник биле најбогатите на светот, но имало и стотици мигранти.

Сите тие сакале да заминат во ветената земја. Со мапирањето на океанското дно денес се направи првото комплетно скенирање на Титаник и може да се види исто како да нема вода околу него.

„Сè уште се поставуваат прашања, основни прашања, на кои луѓето сакаат да им се одговори“, рекоа аналитичарите за „Би-би-си“ и додадоа дека бродот бил скениран до најситните детали.

Очигледно, овој модел ќе биде еден од првите големи чекори кон правење истражување базирано на докази, а не на претпоставки. Иако остатоците од Титаник беа пронајдени далечната 1985 година, во темнината на океанските длабочини, видливи се само делумни слики од бродот, кој веќе е во распаѓање.

Благодарение на новата снимка ќе бидат видливи сите остатоци, а не очекува документарен филм за овој проект. За време на истражувањето, подморниците поминале повеќе од 200 часа под вода и направиле повеќе од 700.000 фотографии за да го покријат секој агол на Титаник.

Ова е и најголемиот проект за подводно скенирање.

„На длабочината од речиси 4000 метри, ова е огромен предизвик. На тоа место има и струи и не смееме да допираме ништо за да не ги оштетиме остатоците од бродот“, објасни Герхард Зајферт, човекот кој ја предводеше оваа голема експедиција.

Една од интересните работи е тоа што никој сè уште не ја разбрал природата на судирот со сантата мраз, не е ни познато дали бродот бил погоден од десната страна, како што видовме во култниот филм.

Scroll to Top