Короната не ги напаѓа дебелите луѓе, затоа ја заобиколила Јапонија

Короната не ги напаѓа дебелите луѓе, па затоа ја заобиколила Јапонија, пишува српски Курир, повикувајќи се на „Дојче Веле“.

Јапонскиот министер за финансии, Таро Асо, 79 годишниот тврдокорен националист, на прашањето зошто Јапонија има толку малку жртви на заболени со Ковид-19, одговорил кратко со, „миндо“, што може да се преведе како повисоко културолошко ниво.

Телевизијата „ТБС“ наведува дека јапонскиот јазик има мал број на согласки и поради тоа за време на говорот се создаваат мал број на капки, кои можат да го пренесат вирусот. Многу Јапонци се убедени дека нивниот добар начин на исхрана, исто така подобро штити против коронавирсот.

Но, овие јапонски теории не објаснуваат зошто стапката на зараза и смртност, не само во Јапонија, туку и во цела Азија е толку ниска.

Кина досега, како последица од заразата со Ковид-19, пријаваила тројца мртви на милион жители, Јапонија седум, Пакистан шест, Јужна Кореја и Индонезија по пет, Тајван, Виетнам, Камбоџа и Монголија се без регистрирани жртви од коронавирус.

За споредба, Германија е земја која на милион жители има 100 починати, како последица од заразата, а во САД околу 300, во Велика Бритаија, Италија и Шпанија се преку 500 жртви на милион жители.

Ваквата голема разлика не може да се образложи со различни тестови и начин на броење. На пример, Јужна Кореја ги тестирала масовно своите граѓани за време на излегувањето од нивните домови, па и на самите паркинзи. Во Јапонија, долго време се тестирале пациенти, кои повеќе од четири дена имале температура, како и лица кои биле во контакт со заразените.

И во други обичаи во Азија, за време на поздравувањето, без ракувањето, не се одлувачки фактор, ако вирусот се пренесува преку воздух. Науката сега се фокусира на разликите меѓу западот и истокот, како подобро да се уништи коронавирусот на глобално ниво.

Научниците оа јапонскиот институт за инфективни болести, откриле дека вирусот Sars-CoV-2 со регионалното ширење, генетски се има променето. Првите инфекции во Јапонија и на крузерот Diamond Princess, во пристаништето во Јокохама, потекнуваат навистина од вирусот од Кина.

Но, вториот бран на заразата во Јапонија, води кон вирус, кој стигнал од патниците од Европа. Истражувањата на Универзитетот Кембриџ, го потврдува тоа.

Многу е можно да вирусот во Европа, за време на мутацијата станал позаразен, сметаат американските научници од Националната лабораторија во Лос Аламос.

Пензионираниот професор, Тацухико Кодама, лекар од водечките Универзитети во Токио, упатува на студијата на имунилошкиот институт Ла Јола, од Универзитетот во Калифорнија. Потоа многу луѓе во источна Азија, очигледно стекнале антитела отпорни на новиот коронавирус.

Многу грипови и корнавируси во минатото поттекнуваат од Јужна Кина и кај населението во соседните земји, предизвикувале вирусни настинки.

„Поради тоа, во нивните крвни налози, се наоѓаат бели крвни зрнца, кои можат да се одбранат од модификуваниот вирус, како што е Sars-CoV-2“, смета Кодам.

Имуниот одговор не е совршен, но нивните тела можат да се носат со одредена количина на слични вируси. Тасуко Хоњо, добитник на Нобелова награда за медицина, размислува во сличен правец.

 

Луѓето од Азија во голема мера се разликуваат од оние на Западо во оние гени, кои го контролираат одговоро на имунолошкиот систем на некој вирус, изајвил јапонскиот имунолог.

Но, тоа не значи дека луѓето во Азија се безбедни, предупредува лекарот Кодам. Мутираниот виру би можел подеднакво да биде смртоносен за луѓето на Далечниот исток, како и во Европа.

Наспроти тоа, едно друго во Јапонија, популарно објаснување за разликата меѓу западот и истокот, не е баш убедливо. Наводно луѓето во источна Азија се подобро заштитени поради задолжителните вакцинации против туберколозата, затоа што таа генерално има посилен имун систем против вирусот

BSZ вакцината против туберколозата била задолжителна во некои земји во Источна Европа, како што е  поранешна Југославија, додека на запад, вакцинирањето било на доброволна база.

Од друга страна, стапката на вакцинација со BSZ вакцината, во Франција е еднакво висока како и во Јапонија, но во Франција, смртноста од Ковид-19, е неспоредливо поголема.

Тврдењата на јапонскиот националистички минитер за финансии Асоа, дека Јапонија во културна смисла е посупериорна од западот, не се однесува само на широкото распространето доброволно носење на заштитни маски, туку и на генералното здравје на населението.

Само четири проценти од Јапонците и пет проценти од Јужнокорејците се дебели, додека во западна Европа, овој процент, според Светксата здравствена организација, е преку 20%, а во САД, преку 36%.

Но, директната врска меѓу стапката на смртност поради вирусот Sars-Cov-2 и прекумерната тежина сеуште научно не е докажана.

Извор/Курир.рс

 

Scroll to Top