Шефот на кинсеката дипломатија Ванг Ји изјавил дека Кина е првата земја која ги пријавила случаите со појавата на коронавирусот, на Светската здравствена организација, но тоа не значи дека вирусот потекнува од Кина.
„Претходните месеци видовме извештаи кои покажуваат дека вирусот се појавил во разни делови од светот, а можеби истиот се јавил и пред да биде регистриран во Кина“, изјавил во четвртокот Ванг, пред новинарите во Осло.
Првиот случај на коронавирус го пријавиле здравствените власти во Вухан, во декември, а првиот смртен случај со вирусот се случил дури во јануари, пренесува „Ројтерс“.
„Каде вирусот почнал и како почнал, треба да се остави на научниците и здравствените експерти да откријат. Тоа прашање не треба да се политизира ниту да се стигматизира“, изјавил Ванг, алудирајќи на американскиот претседател Доналд Трамп, кој коронавирусот го нарече кинески.
„Засега се уште не е познато кој е нултиот пациент“, порачал Ванг.