Кралското семејство ѝ платила огромна сума на пари на една од братучетките на Кејт Мидлтон за да молчи и не раскажува на сите дека работи како стриптизета

By

Кога Кејт Мидлтон се омажи за принцот Вилијам, светските медиуми почнаа да се интересираат за нејзината мистериозна братучетка, Кетрин Дарлинг, која наводно била и добро платена за да не зборува дека се во семејни односи.

Откако се случи кралската венчавка, Катрина на сите им зборувала за Кејт, па од кралското семејство морале добро да ја исплатат за да молчи за нејзината работа, пишуваат британските медиуми.

„Катрина трчаше наоколу и се претставуваше како дел од кралското семејство, токму во деновите кога Кејт се обидуваше да ги преживее своите први денови како и официјален член на монархијата. Тоа не ѝ беше лесно“, рече анонимен извор.

Нивната врска тие сакале да ја сокријат поради работата на Катрин, затоа што таа беше танчерка. По година дена молк, таа сега се пресели од Сандерленд во Лондон, многу блиску до куќата на Кејт во Кенсингтонската палата.

„Кејт знае дека Катрина сега живее во Лондон и дека и понатаму работи како стриптизета. Таа е многу фрустрирана поради тоа. Нејзиното семејство дури не ни ја познава Катрина, а фактот дека таа уште тргува со своите кралски врски е разочарувачки“, дополнил изворот.

Освен што е игра по клубовите, Катрина нуди и услуги од типот на читање од тарот карти во некои од луксузните хотели во Лондон. Таа во 2011 година почнала да се фали со својата братучетка, за да добие подобри работни места. Дури и Хју Хефнер, поранешниот сопственик на „Плејбој“, и понудил висока сума на пари за да се слика во неговото списание, нешто на што таа се согласила.

Катрина Дарлинг е уште една од роднините на британската војвотка Кејт Мидлтон, која предизвика сензација во септемвриското издание на Плејбој, напиша тогаш Хефнер на својот „Твитер“.

Катрин и понатаму знае да ја спомене нејзината врска со Кејт, па така во повеќе наврати таа често танцувала на песната „Господе спаси ја кралицата“.

 

Ќе ви се допадне