Ламата би можела да е клучот за лекот против коронавирусот

Според некои американски и белгиски научници, ламата би можела да биде клучот во пронаоѓањето лек против коронавирусот, пишува news.sky.

Истражувачи од Универзитетот во Остин, во државата Тексас и Националниот институт за здравје, како и во Универзитетот Гент во Белгија, велат дека со помош на ламата успеале да создадат антитела за кои тврдат дека ги штитат човечките клетки од Ковид-19, пренесува српски Курир.

Тимот пред четири години почнал да истражува антитела кои можат да се спротивстават на вирусите САРС или МЕРС, кои се порзани со новиот коронавирус. Тогаш на ламата со име Винтер, која има четири години и живее на фарма во белгиско село, ѝ биле вбризгани вирусите САРС и МЕРС.

Научниците потоа ги изолирале антителата од нејзината крв, која се произведува како одговор на антитен и може да помогне во спречување на идните инфекции.

Ова е користено за создавање нови антитела за кои научниците велат дека може да го спречат SARS-CoV-2, коронавирусот, кој прави Ковид-19 да ги инфицира клетките.

„Ова е едно од првите антитела за кои се знае дека можат да го неутрализираат SARS-CoV-2“, изјавил Џејсон Меклелан, вонреден професор по молекуларна бионаука и еден од авторите на студијата.

Извор/Курир.рс/news.sky

Scroll to Top