Лажна дигитална двојничка на кралицата испрати божикна честитка на телевизија

Лажна дигитална двојничка на кралицата Елизабета, вчера имаше божикно обраќање на телевизискиот „Канал 4“. Од Бакингемската палата претходно рекоа дека вистинската кралица Елизабета ќе им се обрати на граѓаните преку телевизиските мрежи „Би-би-си“ и „ИТВ“. Тие објаснија дека дигиталната двојничка на кралицата се обрати на јавноста за да испрати предупредување дека лажните вести постојано се шират на социјалните мрежи. За да го направат ова, од телевизијата користеа таканаречена „дипфејк технологија“.

Оваа технологија се користи за да се создадат убедливи, но целосно измислени клипови, а често се користи и за ширење дезинформации. Во петминутната порака, двојничката на кралицата зборуваше за голем број контроверзни теми. Таа говореше за одлуката на Меган и Хари да ја напуштат Велика Британија. Зборуваше и за повлекувањето од должноста на принцот Ендру, кој ги прекина кралските обврски откако даде интервју за „Би-би-си“ и во него зборуваше за пријателството со Џефри Епштајн, американскиот милијардер обвинет за сексуално злоставување.

Дописникот за „Би-би-си“ за кралското семејство, Николас Вичел, вели дека не е импресиониран од ваквото дигително обраќање на лажната кралицата.

„Досега имаме видено безброј имитации на кралицата. Ова не е ништо посебно“, смета тој. „Бојата на гласот е бледа копија на кралицата, а дополнителен проблем е обидот да се користи видеотехнологија за да се сихноризираат двиежењата на устата“, додава.

Иако во моментов е достапна технологија која овозможува лажирање на гласот, гласот на дигиталната верзија на кралицата ќе го позајми британската глумица Дебра Стивенсон. Таа веќе го позајмувала нејзиниот глас за куклена претстава.

„Идејата за глума е фантастична, но истовремено и застрашувача кога ќе сфати за што сè може да се искористи оваа технологија“, вели Стивенсон.

Ликот на дигиталната кралицат го направи продуцентската куќа VFX на студиото Framestore, кој е добитник на „Оскар“.

Дипфејк технологијата стекна популарност во 2018 година. Во тоа време програмерите со помош на најнапредна вештачка интелегенција направија софтвер кој со замена на една личност, може да се претстави како некој друг. Во меѓувреме, технологијата стана уште подостапна, па сега постојат бројни апликации каде е потребна само една фотографија за да може на телото на некоја јавна личност да се стави друга глава.

Претходно оваа година, Мајкрософт лансираше технологија која открива дипфејк. Од „Мајкрософт“ тогаш рекоа дека ќе помогнат во борбата против дезинформациите, иако екертите предупредуваат дека постои можност технологијата на откривање да застари, како што дипфејкот напредува.

Scroll to Top