Лажните вести не влијаеле на исходот на претседателските избори во Америка

By

Иако изгледа иронично, сепак најчесто лажните вести биле токму тие од кои Хилари Клинтон имала корист.

Лажните вести често се наведуваа како причина за губењето на изборите на Хилари Клинтон во претседателската кампања што ја водеше со нејзиниот противник Доналд Трамп.

Сензационализмот за овој термин предизвика други лажни погрешни вести да се промовираат по изборните приказни.

„Вашингтон пост“ објави контроверзно анонимно интервју со PropOr Not, веб-страницата што ја водат макартистите (припадниците на макартизмот), кои прогонуваат неколку алтернативни веб-страници со вести за кои тие мислат дека шират руска пропаганда.

BuzzFeed ја спроведе студијата во која се тврдело дека лажните вести имале подобра читаност од вистинските вести во последните три месеци по претседателските избори.

Соработникот на страницата Fair.org, Адам Џонсон, кој се занимава со точните извештаи, напомена дека оваа студија била само маркетиншка метрика, која нема влијание на целокупниот износ на луѓето што всушност ја прифатиле како лажна вест.

Во јануари 2017 година, Метју Генцков, професор по економија на Универзитетот „Стенфорд“ и Хунт Алкот, професор по економија на универзитетот во Њујорк, спровеле студија во која истражиле на кои лажни вести во текот на претседателските избори во 2016 година луѓето најчесто им верувале и какво влијание тие имале врз исходот на изборот.

Студијата покажала дека на „Фејсбук“ се поделиле повеќе лажни вести кои го фаворизирале Доналд Трамп (30,3 милиони лајка/споделувања) за разлика од Хилари Клинтон, која имала (7,6 милиони лајка/споделувања), кои се темелеле на приказните споделувани од страниците како Snopes, Politifact и BuzzFeed.

Истражувачите исто така напомнаа дека иако социјалните медиуми се важен канал преку кои Американците доаѓаат во допир со вестите, само 34 проценти од испитаниците верувале во информациите што ги добиле од социјалните медиуми, а повеќето сѐ уште зависат од телевизијата како главен извор на информација.

Споредувајќи ги првите 690 американски страници со вестите од 65 веб-страници со лажни вести, откриено е дека само 10 проценти од вкупниот промет на страници доаѓал од социјалните медиуми. Но, лажните вести главно зависат од социјалните медиуми,

така што погрешно е спроведувањето на мерните податоци на „Фејсбук“ наведувајќи ги лажните вести како главен проблем за време на изборите.

Алкот и Генцков заклучија:

„Нашите податоци сугерираат дека социјалните медиуми не биле најважниот извор на изборни вести, па дури и најраширените лажни вести ги гледаат само мал дел од Американците.

За лажните вести да го променат исходот на изборите, една таква би требало да увери 0,7 проценти од избирачите на Клинтон и неизбирачите што ја виделе таа лажна вест да го променат своето мислење и да гласаат за Трамп.

Додале за крај:

„За лажните вести да го променат исходот на изборите, еден лажен текст би требало да има ист уверлив ефект како 36 телевизиски огласи за кампањата“, пишува во Observer.com.

 

 

 

Ќе ви се допадне

Website https://animekisa.in: Watch Amagami SS+ Plus: Extra Episode+ Plus animekisa Episode 8 watch animes

animepahe :: okay-ish anime website

AniWatch: Big Windup! anime episode Full online free at https://aniwatch.pro watch anime free

Watch anime online for free at WCOStream anime sites

Gab: https://gab.com/kissanimemx

Forum yealink: http://forum.yealink.com/forum/member.php?action=profile&uid=161570