Лекарите кои се сметаат за одговорни за смртта на Марадона ќе бидат кривично гонети

By

Седумтемина лица кои се сомничеа дека се одговорни за смртта на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона ќе бидат кривично гонети, пренесуваат медиумите.

Тие досега беа осомничени за убиство од небрежност, а сега ќе им се товари злоделото за убиство од небрежност со отежнувачки околности, открија извори блиски до аргетинските судски органи.

Прв од осомничените беше неговиот личен лекар Леополдо Лук, кој беше задолжен да се грижи за неговата здравствената состојба. Подоцна властите го проширија списокот на осомничени и на него ги додадоа психологот Карлос Дијаз и медицинските работници Дијана Мадрид и Рикардо Алмирон.

На сите нив им се заканува казна затвор од осум до дваесет и пет години. Обвинителството во Буенос Аирес смета дека смртта на Марадона е резултат на професионална грешка и немарност на медицинскиот тим, кое подоцна придонело за влошување на неговата здравствена состојба, што резултирало со смрт.

Истражен судија ќе ги сослуша осомничените и потоа ќе одлучи за натамошниот тек на кривичното гонење. За потсетување, Марадона почина во ноември минатата година од срцев удар во 60-тата година во својата куќа, додека заздравуваше од операција на мозокот.

Ќе ви се допадне

Watch anime online for free at AnimeHeaven my anime heaven. Watch Super Robot Wars OG: The Inspector Episode 26

4Anime Watch anime online, English anime online HD. A Certain Magical Index II: Specials Episode 2