Лекарите во Шкотска препишуваат антидепресиви на бебиња на возраст од една година

By

Националната здравствена служба (NHS) во Шкотска препишува антидепресиви на бебиња стари 12 месеци.

Според податоците добиени од весникот Dundee Evening Telegraph, Националната здравствена служба (NHS) во градот Данди во Шкотска препишува лекови за деца.

Во меѓувреме во 2014 година на едно бебе од година дена старост му е препишан лек за депресија.

NHS препишала лекови за 450 деца во периодот од  јануари до мај годинава, а најмалку десетина деца од нив биле на возраст од само седум години.

Бројките ја откриваат најчестата возрасна група на која им се препишани антидепресиви. Возраста помеѓу 14 и 17 години е најцелна група на деца на кои им се препишува овој лек, а кај девојките е поголема веројатност да им бидат препишани во однос на момчињата.

Иако дури и на малите деца понекогаш им се препишуваат антидепресиви за решавање проблемот, вклучувајќи и за мокрење во кревет и хронични болки, насоките на NHS говорат дека на 18-годишниците не би требало да им се даваат лекови.

„Антидепресивите се вид лекови што се користат за лечење клиничка депресија или спречување повторно појавување на депресијата“.

Но, тие исто така можат да се користат за лечење широк спектар на медицинска состојба, како што се хроничните болки и анксиозното нарушување“, изјави портпаролот на NHS.

„Ако е соодветно за поедини пациенти, антидепресивите се препишуваат и често се користат во комбинација со терапија за лечење тешки депресии или други ментални здравствени состојби предизвикани од емоционални состојби“.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне

AnimeTV anime tv shows: Watch One Punch Man Episode 7 (https://animetv.cc/m/nkQ/ep-7)

ANIMEFLIX danganronpa animeflix: Kuroko's Basketball 2 (https://animeflix.nl/m/7nq) Episode 25