Лицата кои извршија атентат врз претседателот на Хаити, биле обучувани од американската војска

Колумбиските платеници кои се сомничат дека учествувале во атентатот на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, претходно добиле американска воена обука. Ова го потврди и портпарол на Пентагон за „Гласот на Америка“.

Жовенел Моиз беше убиен во својата куќа на 7 јули, а неговата сопруга Мартин беше ранета и се опоравува во болницата во Мајами. Според Пентагон, Секретаријатот за одбрана организирала обуки за илјадници војници од Јужна Америка, Централна Америка и Карибите секоја година.

Шефот на полицијата на Хаити, Леон Чарлс изјавил дека 18 Колумбијци биле уапсени во врска со атентатот врз претседателот. Од нив двајца се Американци, а членот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, изјавил дека САД се подготвени да им судат доколку се виновни.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека не сака воено да интервенира во ситуацијата на Хаити, но дека САД ќе испратат војници да ја чуваат амбасадата. Официјални лица од Хаити побараа американски војници да дојдат во земјата, а истото барање било испратено до ООН.

Хаити сега се обидува да излезе од политичката криза и да назначи нов претседател, за кој ќе се одлучи во сабота.

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top