Лошиот и непрегледен ракопис на лекарите е опасен за здравјето на пациентите

Во една од студиите на Универзитетот „Џон Хопкинс“ се открива дека непрегледниот ракопис на лекарите при пишувањето на рецептите може да влијае на точноста на добивањето на лековите и со тоа да ја загрози безбедноста на здравјето на пациентот.

Како дел од истражувањата, тим од истражувачи на Универзитетот „Џон Хопкинс“, во школото за медицина, прегледале голем број лекарски рецепти кои се однесувале исклучиво на пациенти од 18-годишна возраст па нагоре.

Пациентите на кои им бил препишан лекот биле дел од истражувањето и биле подложни на лекарскиот третман во период од 15 дена во јуни 2016 година.

Експертите оценувале вкупно 510 рецепти на темел на три критериуми.

Еден од критериумите бил оценувањето на придржувањето на насоките на лекарите, односно пропишаните рецепти на пациентите, а научниците се фокусирале на читливоста, датумот и количината на таблетите напишани на рецептот.

Другиот критериум ја следел присутноста на најмалку два од трите идентификатори на пациентите, како што се бројот на електронскиот здравствен запис (EZZ), бројот на социјалното осигурување и датумот на раѓање.

„Недоследностите во пропишувањето на лековите останале и понатаму вообичаени. Рачниот пишан рецепт и понатаму покажува поголем процент на грешки, отстапувања и варијација во пракса. Од друга страна, сите компјутерски генерирани рецепти ги почитуваат насоките како еден вид најдобра пракса и содржат два идентификатори на пациентите, а таквите рецепти се во целосна согласност со правилата на агенцијата ‘DEA’“, известуваат истражувачите во списанието „Журнал оф опиоид “.

Рачно напишаните рецепти потфрлаат во точноста

Резултатите покажале дека 92% од рецептите напишани со рака паднале на тестот за точност и на тестот за согласност со идеалната практика за пропишување  лекови на рецепт.

Според резултатите, 42% од рецептите напишани со рака содржеле некакви грешки. Резултатите од тоа покажуваат дека 89 проценти од рецептите напишани со рака не ги следат насоките на идеална пракса и во нив недостигаат најмалку два вида идентификатори кај пациентите.

Студијата исто така открила дека 47% од напишаните рецепти со рака не ги исполниле стандардите на агенцијата „DEA“.

„Грешки можат да настанат во кој било момент на пропишувањето, при препишувањето, процесирањето, дистрибуцијата или користењето и следењето на лековите. Постојат нормални проблеми во читливоста кај рачно напишаниот рецепт, но често стигнуваме и до недостатоци како што е немањето  идентификациски податоци, грешки во картичките на пациентите. Она што ние се надеваме е дека нашите резултати и истражувања ќе ги поттикнат практикантите да усвојат електронски систем на пропишување лекови на начин кој има најмалку шанси да направи штета за нашите пациенти“, наведува водечкиот автор на истражувањето, доктор Марк Бикет.

Погрешно напишаниот рецепт за лекови можеби придонесува за влошување на ризикот на лекови на рецепт кој ги погоди САД во последните неколку години. Веб-страницата на Националниот институт за злоупотреба на лекови открива дека повеќе од 90% од Американците умираат секојдневно поради злоупотреба и предозирање со лекови на рецепт.

 

 

 

 

Scroll to Top