Ловци на чудовиштето од Лох Нес тврдат дека го виделе во езерото во Шкотска

Туристичкиот водич Роналд Мекензи вели дека на неговото неодамнешното крстарење со својот брод успеал со неговата соларна опрема да го сними мистериозното чудовиште од Лох Нес.

Чудовиштето Неси е урбана легенда и популарна туристичка атракција во Шкотска. Наводните средби со подводното чудовиште се имаат случено толку многу пати во минатото што во меѓувреме бил основан и официјален регистар на средби.

Ловците на чудовиштето, кои редовно го следат овој регистар на појавувања, тврдат дека сликата на Роналд е најубедливиот доказ за постоењето на мистериозното чудовиште.

Средбата се случила на половина пат од селото Инвермористон, каде што водата достигнува и до 189 метри длабочина.

„Бевме точно на средината од езерото. Сликата траеше околу 10 секунди, никогаш во животот немав видено нешто слично. Беше долго најмалку десетина метри“, вели Мекензи.

Тој сепак вели дека не е сто проценти сигурен дека неговата опрема го снимила чудовиштето, но сигурен е дека ако не станува збор за Ненси, тогаш е сигурно нешто вонземско.

„Верувам дека во езерото постои нешто, што никој не знае што е. Или станува збор за голема јагула или есетра, или некаква огромна риба, па можеби и Неси“, прецизира Мекензи.

Експертите кои ја проучувале фотографијата на Ненси велат дека била 100 проценти автентична, но исто така велат дека на неа можеби се гледаат јато риби или есетра.

Експертот за Лох Нес, Стив Фелтам, ја опишал фотографијата како многу возбудлива.

„Роналд Мекензи го познавам 30 години. Тој е момче кор не бара публицитет и бега од фантастичните теории за Неси“, коментирал Фелтам.
Само оваа година на официјалниот регистар биле забележани осум можни средби со мистеризното суштество од Лох Нес. Тоа е помалку од рекордниот број од 18 средби кои биле забележани минатата година.
Scroll to Top