Луѓето на Запад не веруваат дека имаат душа и дека треба да бидат спасени од нешто

Во Холандија, најатеистичната земја, учениците веќе 20 години се послабо читаат, а успешниот референдум за либерализација на законот за абортус во Ирска бил широко прифатен од водачките светски медиуми. Самото гласање било првенствено со симболично значење. Ирските жени кои сакале да ја прекинат својата бременост, заминале во некои од соседните земји. Сега им е полесно и поевтино.

Но интересното е тоа што главниот противник за абортусот била Католичката црква. Исходот од референдумот значи дека Црквата значително е ослабена затоа што мнозинството не било на нејзина страна.

„Њујорк Тајмс“, по повод ирскиот референдум, ги навел овие симптоми на откажување на развиените земји од религиозниот живот.

1) Папата предложи стотици верски заедници (парохии) да се спојат, а оние со мал број верници треба да бидат затворени.

2) Во Австрија, надбискупијата во Виена, ги реорганизирала своите 660 жупи во 150.

3) Во Луксембург минатата есен владата ги укинала верските одделениа во школите.

4) Во Шпанија, според последните податоци, само 20% од католиците посетуваат богослужба, во Франција десет проценти, во Холандија пет проценти. Во Германија доприносите кои црквата ги прима, се намалуваат.

А сега најинтересното. Истиот весник тврди дека Папата Франциско демонстративно ги занемарува процесите во Европа. Тој се фокусира на „глобалниот југ“, односно Африка, Јужна Америка и југоисточна Азија, каде нивото на религиозни жители е сеуште високо. Тој ги повикува свештениците да бидат поактивни во учеството во животот на сиромашните и да им помагаат и да ги заштитат од самоволието на властите.

 

 

Тој на некој начин признава дека Бог им е потребен само на сиромашните, необразованите и оние кои се во неповолна положба.

Американскиот весник го советува Папата Франциско да побрза, затоа што католиците во Бразил, тврдите католицисти во Јужна Америка, до 2030 година ќе станат малцинство, затоа што поголемиот дел од верниците преминуваат во атеисти, а дел преминуваат во протестанти на евангелистите кои кон животот се однесуваат либерално и едноставно.

Во Европа луѓето не се повеќе заинтересирани за било што, поради што католиците својот фокус го насочуваат кон сиромашните земји. Многу е важно прашањето: Што ќе биде со богатите, образованите и осигураните и со што тие ќе ја заменат религијата?

Дали тие се на некое повисоко ниво во споредба со религиозните Земјани? Постојат ли супермени кои ги контролираат своите животи и рационално тежнеат кон саморазвој?

Статистиката покажува дека тоа не е случај.

Во Холандија, најатеистичката земја (атеистите 40%, агностика 30%), учениците веќе 20 години покажуваат слаби резултати, дури и во читањето, во математиката и во научните дисциплини. Бројот на деца кои едвај читаат во последните години се удвоил.

Статистиката покажува дека Велика Бритнаија, која исто така е секуларна земја, има голем недостаток на квалифициран кадар. До 2024 година, ќе исчезнат најмалку четири милиони високообразовани и шест милиони нискоквалифицирани. А сега има девет милиони од оние кои слабо читаат и пресметуваат.

Па оттука развиените земји имаат друго постигнување.

Во нив нагло расте потрошувачката на органска храна, која наводно го подобрува организмот и чувството на среќа, иако медицинските истражувања покажале дека органската храна нема никакво благотворно влијание на организмот во споредба со обичната храна. Во просек таа е до два пати поскапа. Европјаните сепак продолжуваат тоа да го јадат, затоа што веруваат во тоа.

Тие просветлените рационални луѓе се повеќе се вртат кон алтернативната медицина. Тоа е она во кое тие веруваат.

Авторитетите не веруваат во ништо помалку од своите дедовци и баби.

Преместувањето од религија не значи отпуштање на разумот на Европјаните Американците или напредните Руси. Тие не веруваат само во спасение на душата на застарен начин.

Тие веруваат во се што ќе им кажат дека е напредно, корисно, престижно и еколошки. Особено ако е соодветно и се огласува на 3Д анимацијата.

Религијата од просветените делови на светот, не ги истиснуваат силите на разум, туку неговите успешни и убедливи конкуренти на пазарот, а тоа е надежта, стравот и емоционалниот опстанок.

Во суштина, напредните граѓани во просветлените земји, повеќе едноставно не веруваат дека имаат душа и дека треба да бидат спасени од нешто.

 

 

Scroll to Top