Лукашенко се закани: „Кој ќе ги допре моите војници, ќе остане без рака“

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека нема намера да се повлече од власта и најави остри реакции во иднина во пресметка со опозицијата.

„Веднаш им укажав дека постојат црвени линии. Да не даде господ некој да ги помине. Досега ги поминаа во повеќе правци и за тоа постојано говорев. Но, ако некој се обиде да ги допре нашите војници, ќе остане без рака. Ова го велам јавно за сите да ја разберат нашата одлучност. Не можеме и нема да се повлечеме“, ја пренесува изјавата на Лукашенко државната агенција во Белорусија, „Белта“.

Според Лукашенко, ќе победи оној што има железна волја и трпение. Претходно, Лукашенко изврши промени во безбедносните служби и најави дека е неопходно создавање национална гарда, која ќе биде составена од поранешни воени лица.

Scroll to Top