Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, упати заканувачка порака до западните земји, дека во случај да ја нападнат Русија, неговата земја ќе влезе во војна.
„Ако западните земји извршат агресија на Русија, Белорусија ќе влезе во војна“, изјавил Лукашенко.
„Во случај некој да се обиде да ја нападне Русија, преку Белорусија, или во близина на белоруските граници, нашата армија од 60.000 до 65.000 војници ќе влезе во војна. Според одредбите на договорот за Колективна безбедност и договор за државната унија, Западот е нашата зона на одговорност“, изјавил Лукашенко.
Тој додаде дека ако се случи таков напад од страна на запад, север или југ, тие веднаш ќе испратат помош за Русија.
Лукашенко минатиот месец им нареди на првите луѓе во Министерството за одбрана будно да ги надгледуваат состојбите со НАТО, во Полска и Литванија и да бидат во целосна подготвеност, а единиците кои ја контролираат западната граница на Белорусија да бидат на подигнати на највисоко ниво.
Нешто подоцна, на 19 август, белорускиот министер за одбрана, Виктор Кренјин, ѝ наредил на пограничната армиска област Гродно да ги засили тактичките ракетни единици, со ракетни батерии, беспилотни летала и противвоздушни ракетни системи.