Лукашенко: Уапсена е група која планирала да ме убие мене и моето семејство, веројатно поврзани се со ФБИ и ЦИА

By

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, соопшти дека била уапсена група на лица која планирала да го убие него и неговите деца. Тој посочи дека групата наводно имала врски со американските известувачки агенции, објави агенцијата „Белта“ на својот „Телеграм“ канал.

„Уапсивме група која ја следевме и која ни покажа како тоа планирале да го изведат. Тогаш откривме операција која очигледно била организирана од известувачки служби. Најверојатно ЦИА, ФБИ“, изјавил Лукашенко, а пренесува агенцијата „ТАСС“.

Тој објаснил дека групата била следена и дека било откриено дека сакаат да се вратат во Минкс и да извршат организирано убиство на претседателот и неговите деца.

 

Руската Федерална служба за безбедност, соопштила дека уапсила две лица кои планирале да спроведат воен удар во Белорусија на 9. мај и да извршат атентат на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Уапсените се Александар Федута од Белорусија и Јуриј Зенковиќ, кој имал двојно државјанство, белоруско и американско, пренесува „Спутник“.

Акцијата е спроведена во соработка со белорускиот комитет за државна безбедност, а како што било потоа утврдено, тие планирале да изведат воен удар по стандардното сценарио со шарена револуција со поддршка на локалните националисти.

Како што пренела белоруската страна, тие се договарале преку месинџер, а потоа решиле да организираат средба во Москва со одредени белоруски генерали кои биле вклучени во целиот процес.

Од „ФСБ“ наведуваат дека средбата е организирана во еден од рестораните во Москва, веднаш откако Зенковиќ допатувал во Москва по консултација во Америка и Полска, а планот им било во текот на воениот удар, да ги завземат сите центри за емитување на радио и телевизијата.

Потоа да ги блокираат институциите, како и да го исклучат комплетниот енергетски систем на Белорусија за да им ја отежнат работата на полицијата и војската.

Нивната цел, како што додава „ФСБ“, била да го изменат уставниот поредок на земјата и да го испразнат местото на претседател, за да може потоа таа функција да ја извршува „Комитетот за национално помирување“, „ФСБ“ додава дека тие по апсењето, биле предадени на белоруската страна, заради процесуирање.

 

Ќе ви се допадне