Мајкл Вулф за мистериозните солзи на Меланија Трамп во изборната ноќ

Претставници на претседателот и првата дама на САД, Доналд и Меланија Трамп, ги демантираа наводите изнесени во новата книга на авторот Мајкл Вулф, „Оган и бес: Внатре во Трамповата Бела куќа“, дека првата дама на САД не плачела од среќа на изборната ноќ, како и за тоа дека Трамп не очекувал дека ќе победи.

Секретарката за печат на Белата куќа, Сара Хакаби Сендерс, смета дека книгата на Волф е преполна со лаги и погрешни приказни на поединци, кои немаат ниту пристап ниту влијание во Белата куќа, пренесува АП.

„Да се има удел во книгата, која може да се опише како таблоидна фикција, ги покажува нивните кутри обиди за да станат важни“, додаде Сендерс.

Портпаролката на првата дама на САД, Стефани Гришам, изјави дека Меланија ја поддржала одлуката на својот маж да се кандидира за претседател на САД.

„Таа била убедена дека ќе победи и била многу среќна кога тоа се случило“, изјави Гришам.

Трамп претходно раскрстил со својот поранешен главен стратег и близок соработник од времето на претседателската кампања, Стив Беном, кога тој крајнодесничарски популист, во книгата на Волф, остро ги критикува синот и зетот на Трамп поради „предавничкиот“ состанок со Русите,.

„Стив Бенон нема ништо со мене, ниту со моето претседателство. Кога беше сменет, не само што ја изгуби работата, туку го изгуби и разумот. Стив не ја претставува мојата база, тој само работи за самиот себе си“, соопшти Трамп, а пренесе „Ројтерс“.

 

 

Scroll to Top