Марија не била девица

Калуѓерката Луција Царам добила бројни смртни закани затоа што јавно изјавила дека Марија многу веројатно спиела со Јосип и дека не била девица, јавува британски „Гардијан“.

Сестра Луциа е популарна меѓу доминиканските калуѓерки во Шпанија. Таа има повеќе од 183 000 следбеници на „Твитер“. Во неделата се појавила на шпанската телевизија каде што говорела за сексот и верата.

„Мислам дека Марија била вљубена во Јосип и дека тие двајцата биле нормална двојка. Водењето љубов е сосема нормална работа“, изјавила Луциа на телевизија.

„Тешко е да се поверува, а уште потешко тоа да се прими. Завршивме со правила кои ги измисливме без да дојдеме до вистинската порака“.

Луица тврди дека сексуалноста е дар од Бога, основен дел од секоја личност и начин на самоизразување. Но, се работи за нешто со кое Црквата веќе долго време има проблем.

„Мислам дека Црквата има заземено лош став кон ова прашање. Мал дел од тоа го турнала под тепих“.

Откако добила бројни закани и критики, сестра Луциа се обратила на јавноста преку соопштение.

„Кога ме прашаа за девицата Марија, реков да, од моја гледна точка, Марија очигледно била вљубена во Јосип. Сакав да кажам дека не би ме шокирало тоа што имале однос, како и секоја нормална двојка“, изјавила Луција.

„Ова било шокирачко за многумина. Но мислам дека мојата верност кон Црквата и евангелието и планот на Исус се јасни. Како што е јасно дека сексот не е ниту нешто валкано ниту нешто што би требало да се осудува и дека бракот и сексот се благослов“, смета Луција.

 

 

 

Scroll to Top