Медицинска сестра, лекар и возач лажеле во случајот со смртта на Марадона

By

Медицинска сестра, лекар и возач се под истрага зата што се сомничат дека давале лажни искази по повод смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона.

Марадона почина на 61-годишна возраст од акутен белодробен едем, веднаш по операцијата за хематом на мозокот, а досега е утврдено дека постоеле низа пропусти во неговото лечење.

Прво, неговиот личен доктор бил на испитување кај обвинителот, а сега и неговиот возач исто така. Во прашање е Максимилијан Тримаки (44), кој сведочел дека не бил дома во моментите кога Марадона починал, а безбедносните камери и податоците од телефонот покажуваат нешто друго.

Утврдено е дека Тримаки лажел. Засега не се познати причините за неговите лаги, но интересно е тоа што неговата работа не подразбирала да му биде возач на Марадона.

Поради лагите, полицијата го пребарала неговиот стан. Одземени му биле телефонот и компјутерот, особено откако било забележано дека неколку пати влегувал во куќата во која починал Марадона, а лажел дека не бил таму.

Претходно било утврдено дека лажела и медицинската сестра која го оставила Марадона неколку часа без никаков надзор.

Ќе ви се допадне

AnimeFreak watch anime dub: Watch DARLING in the FRANXX Episode 19 (https://animefreak.ws/m/RwxW/ep-19)

AniWatch watch animes: Watch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 2 (https://aniwatch.pro/m/gqAN/ep-2)