Медицинската марихуана ги намалува криминалот и убиствата

Ако некогаш случајно сте гледале каков било комичен исечок од стариот пропаганден филм Reefer Mandess сигурно ќе ја забележите пропагандата што во1930 година ја користеле властите против користењето марихуана.

Ваквата пропаганда најмногу е распространета и денеска меѓу оние со прикриени интереси како што се Агенцијата за сузбивање наркотици (DEA) и Министерството за правосудство, каде што истовремено се вклучени поголем број полициски синдикати и приватни затворски системи.

Таа група во голема мера зависи од разбивањето и затворањето ненасилни пушачи на „трева“, кои опфаќаат најмалку половина од луѓето кои поседуваат марихуана на национално ниво. Тие се потпираат на измамата од филмот Reefer Madness со која на повеќето Американци им се продавала лагата за заканата од марихуана.

Сега се откриваат медицинските примени на марихуаната, односно канабисот, нешто што придонесе да се случи најголемиот пресврт за декриминализацијата на поседувањето марихуана. Дури и Вашингтон ја прилагоди законската регулатива за марихуаната. Вашингтон е држава во која најголемата стапка на пресуди е против ненасилните корисници на марихуана во однос на другите американски држави.

Почнувајќи од ова лето во Вашингтон 18-годишни тинејџери и постари корисници на марихуана, кои имаат во посед 28 грама марихуана, ќе бидат казнети со цивилна казна од само 25 долари. Ова е слично како и за казна за паркирање, и е далеку поприлагодлива за луѓето од претходната казна кога поседот на марихуана се третираше како злосторство. Вашингтон е дом за повеќето сојузни управни институции, вклучувајќи ја и институцијата за сузбивање на дрогата и Министерството за правосудство.

Сепак, Агенцијата за сузбивање наркотици ДЕА досега упорно одбивала да ја отстрани марихуаната од законот, каде што таа се третира како опасност и зависност  без да се земат предвид медицинските заслуги и стотината научни студии и сведоштва кои докажуваат дека марихуаната може да биде сигурен и ефикасен третман.

Се чини дека луѓето сакаат законот и редот да бидат по нивен терк со цел да стигнат до поголем профит и поголем број затвореници. Со други зборови, Владата и корпорациите сакаат да ги задржат своите работни места и индустријата така што тие сигурно нема да бидат задоволни со ваквото истражување.

Scroll to Top