Меган Маркл носи обетки кои и ги подарил принц осомничен за убиство

By

Триесет и девет годишната Меган Маркл носи обетки кои и ги подарил принцот на Саудиска Арабија, на државната вечера во врмето кога поголемиот дел од светските лидери го осудија за убиството на новинарот Џамал Кашоги, пишува „Телеграф.рс“, повикувајќи се на „Метро“.

Новинарот Кашоги, кој беше колумнист во „Вашингтон пост“ и критичар на Мохамерд бин Салман, беше убиен во октомври 2018 година, од страна на саудиски агенти.

Според пишувањата на Times, прес службата од Кенсингтонската палата, тогаш изјавила за медиумите, дека обетките биле позајмени, но не сакале да кажат повеќе детали околу тоа.

Изворот потоа изјавил дека персоналот во Лондон, кој е одговорен за регистрацијата на кралските подароци, подоцна ги препознал како подарок од принцот Салман, за свадбата на Меган со Хари.

Малку е веројатно дека принцот Салман лично и ги подарил обетките на Меган, но тој ручаше со кралицата Елизабета за време на тридневната посета на Лондон во март 2018 година, два месеци пред венчавката на Хари и Меган.

Бидејќи обетките и се подарени на Меган, која тогаш беше член на кралското семејство, тие официјално се сметаат за кралска сопственост. Тие и биле на располагање на војвотката, но таа не можела да ги продаде ниту да ги подари на некој друг. Нејзините адвокати изјавиле дека на тоа мислела кога изјавила дека обетките и се позајмени. Меган повторно ги носеше истите обетки на роденденот на принцот Чарлс во Бакингемската палата на 14. ноевмри истата година.

Принцот Салман подоцна изјавил дека сноси одговорност за убиството на Кашоги, затоа што тоа се случило под негов надзор, но негирал дека претходно знаел за заговорот за неговото убиство. Многумина тврдат дека под негова власт, пораснала бројката на уапсени активисти за човекови права.

 

Ќе ви се допадне

Watch Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) Episode 4 at website https://animetv.cc. See more chia anime tv me

Watch The Misfit of Demon King Academy (Dub) Episode 5 (https://gogoanime.be/m/OJOk/ep-5) at website https://gogoanime.be. See more haikyuu season 3 gogoanime