Меѓународната вселенската станица е „паркирана“ некаде на Земјата

НАСА и за оваа снимка сигурно ќе рече дека е тестирање и дека не е вистинска снимка од вселената. Но, флексибилната врата од картон не може да глуми ни за време на симулацијата?

Што доколку човекот никогаш не бил на Месечината и доколку меѓународната вселенска постројка (ISS) цело време е паркирана на Земјата?

Тие што ја заговараат теоријата дека Земјата е рамна плоча тврдат дека имаат доказ дека целата вселенска програма е лага, а доказ е видеоснимката што ја објави Скот Варинг.

Тој тврди дека вратата изгледа како макета „еластична врата“, а не како вистинска врата, алудирајќи дека сè што НАСА презентира е шарена лага, а дека вселенската станица всушност е паркирана на Земјата.

„Подобро погледнете ја вратата и ќе видите дека е направена од пластика или некој вид флексибилен материјал. Тоа воопшто не е врата која може да го заштити вселенскиот брод од вакуум“, тврди тој.

Инаку, Варинг, кој ја води познатата веб-страница, е посветен на неидентификуваниот летечки објект и теорија на заговор тврдејќи дека Гугл му ја исклучил веб-страницата на неколку дена откако ја објавил оваа приказна.

Погледнете ја видеоснимката, па проценете самите:

Scroll to Top