Места на Земјата на кои гравитацијата не постои

Низ светот постојат неколку места кои му пркосат на законот за гравитацијата. Ваквите феномени се забележани на Фарските Острови, во Индија, браната Хувер во САД, во Калифорнија и Мичиген.

Гравитацијата е сила што нè држи прицврстени за земјата, а универзалниот закон за гравитација важи дека секои две тела меѓусебно се привлекуваат со својата маса, на овие места тоа не е случај.

1.    Водопад на Фарските Острови

Водопадот на Фарските Острови во Атланскиот Океан, меѓу Шкотска и Исланд, е место на кое водата се движи нагоре. Ваквата фикција не ги изненадува научниците кои објаснуваат дека причината за ова не е отпорноста на гравитацијата, туку силата на ветерот кој ја движи водата нагоре.

2.    Магнетен Рид, Индија

На ова место владее сила која може да ги подигне автомобилите нагоре. Научниците сметаат дека постојат во земјата магнетни сили кои не се вообичаени како во останатиот дел од земјата. Местото се наоѓа по должината на националниот автопат Лех-Каргил-Балтик во Индија.

Некои сметаат дека и пилотите во авионите, кога летаат над ова место се принудени да ја приспособат висината на летање. Некои заговорници сметаат дека станува збор за магија, додека други скептици објаснуваат дека станува збор за оптичка илузија креирана од пејзажот на локацијата и ридовите што ја опкружуваат.

Поради тоа се чини дека патот, кој всушност е надолнина се протега нагоре. Вакви уникатни места како во Индија постојат и во САД и Канада.

3.    Браната Хувер, САД

На браната Хувер слично како и водопадите на Фарските Острови може да се забележи дека водата место надоле се придружува нагоре. Причината за овој ефект е исто така ветерот кој што се создава поради структурата на брандата.

4.    Мистериозно место Санта Круз, Калифорнија

Мистериозното место Санта Круз се наоѓа во шума во близина на градот Санта Круз. Подрачјето е со дијаметар од 45 метри. На ова место кој и да чекори, може да се забележи дека се движи навалено, а предметите се движат во нагорна линија. Некои веруваат дека станува збор за некаква магија, но експертите сметаат дека ваквото место претставува добро осмислена и скриена оптичка илузија која е создадена за туристички цели.

5.    Мистериозна точка, Мичиген

Местото во Мичиген е истражувано од агенти на Федералното американско истражно биро ФБИ во периодот од 50-те години од минатиот век. Кога се обиделе да го испитаат местото, нивната опрема прекинала да функционира. Дошле до заклучок дека опремата не функционирала на само специфично место со дијаметар од 100 метри.

Ова место тие го нарекле Мистериозна точка. Дополнително поставиле и предмети за забава со оптичката илузија – работите се движат нагоре, луѓето можат да држат рамнотежа движејќи се по ѕидовите… иако ефектите се обична оптичка илузија – сепак изгледа забавно.

Scroll to Top