Мислела дека намерно ја напуштиле како дете, по 20 години Јулија ги пронајде родителите

Дваесет и четиригодишната Јулија Горина од Русија, по 20 години го пронашла своето семејство во Белорусија. Таа открила дека нејзините родители не ја оставиле и напуштиле како што верувала целиот свој живот, туку дека била киднапирана додека патувале со воз.

Јулија на 1. октомври 1999 година, патувала со воз со нејзиниот татко Виктор Мојишенко. Виктор во Белорусија билна пазар каде го продавал својот компир, а на пат за Русија, ја загубил неговата ќерка.

На враќање тој се напил повеќе од вообичаено и се степал во возот. Подоцна заспал, а возот застанал во селото Пуховиќ во Минската област во Русија. Кога се разбудил Виктор, не можел да ја пронајде својата ќерка Јулија.

Почнала голема потрага, а ниту несреќните родители ниту белоруската полиција не успеале да ја најдат малата Јулија. Родителите никогаш не прекинале со потрагата.

„Се сеќавам дека еден чичко и тетка ме изнесоа од возот. Долго седев на перонот и гледав како возовите минуваат. Се обидов да најдам некое познато лице во морето луѓе кое ме одминуваа. Некое време одев со чичкото и тетката кои ме земаа од град во град. Просевме и се криевме од полицајците. Тогаш ме вратија на станицата“, се присетува Јулија.

Дваесет дена подоцна, ја пронашле полицајци. Јулија била настината и смрзната од студеното време. Била слабо нахранета, а косата целата и била со вошки.

„Толку се плашев што не смеев од нив ни бисквит ниту чај да земам. А бев многу гладна“, вели Јулија.

Девојчето го однеле во болница, а месец дена подоцна била испратена во дом за деца без родители. И го дале презимето Иванов, па станала Јулија Виктровна Иванова. Во документите било забележано дека е родена на 21. октомври 1996 година, затоа што била толку ситна, па изгледала како да има три, а не четири години.

Ирина Алпатова ја посвоила малата Јулија и ја одгледала како вистинска мајка

За целото тоа време во Белорусија потрагата траела долго време. Тоа било проблем. Ја барале во Белорусија, а не во Русија. Полицијата ги обвинила нејзините родители дека ја убиле, а Виктор и Људмила Мојишенко до 2017 година биле под истрага. Нивните имиња биле единствената работа на кои Јулија се сеќавала.

Набрзо по усвојувањето, апотекарката Ирина Алпатова, која веќе имала два сина, ја посвоила малата Јулија. Пред месец дена, 20 години подоцна, пријател на Јулија, Илја Крјуков на интернет ги пребарал објавите за исчезнати лица и ги внесол имињата на родителите на Јулија. Веднаш добил информации за исчезнато 4 годишно девојче.

Но, девојчето пишувало дека било исчезнато во Белорусија.

Илја Круков и помогнал на Јулија да ги најде родителите

„Си помислив дека местото каде била пронајдена Јулија е во близина на Белорусија. А описот беше ист. Дури и шалот кој Јулија го носеше беше идентичен“, изјавил Илја, кој веднаш ја повикал полицијата во Минск.

Неколку дена подоцна, Виктор и Људмила добиле порака. „Мамо, тато, тоа сум јас, Јулија, вашата ќерка. Ме најдоа“. Родителите веднаш тргнале да се видат со нивната ќерка.

Првата средба со родителите по 20 години 

„Тато ми раскажа дека тој ден се напил и се степал во возолт. Кога се разбудил, не можел да ме најде. Сите овие години се обвинувал себе си. Секој ден ја молел мама на колена за прошка што ме загубил“, вели Јулија и ја открива својата најболна тајна. Таа мислела дека намерно ја оставиле.

„Ќерко моја, прости ми“, било првото нешто кое Људмила и го кажала на својата ќерка.

„Живеевме во надеж цели 20 години. Живеевме во надеж деа конечно ќе ја пронајдеме“, изјавила пресреќната мајка. За секој случај семејството направило и ДНК тест, а тој го потврдил резултатот.

Виктор и Људмила ја поканиле ќерка ѝ да се пресели во Белорусија, но Јулија се омажила во Русија и ја има ќерката Кристина. Тие велат дека продолжиле почесто да се гледаат и се обидуваат да го надокнадат изгубеното време.

Scroll to Top