Мистериозни кругови во Јадранот се направени од НЛО?

На дното на морето, недалеку од хрватското крајбрежје, се забележани 50 мистериозни кругови, во кои ништо не расте.

Откривањето на овие мистериозни кругови на дното на Јадранското море предизвика збрка меѓу истражувачите. Биолози од Хрватска велат дека никогаш не виделе ништо слично во минатото, пишува ancient-code.com.

До островот кој се наоѓа во средишна Далмација недалеку од градот Задар, истражувачите откриле околу 28 кругови, при што секој од нив е оддалечен од 50 метри. Интересно е дека тие се наоѓаат на иста оддалеченост од 300 метри од брегот.


Хрватските истражувачи забележале преку 50 кругови од ист пречник во близина на островите Премуда, Молат, Унија, и Сусак а сетаат дека ги има уште, кои сеуште не се откриени.

До откритието дошло откако биле документирани подморските видови во тоа подрачје. Истражувачите прво го проучувале феноменот преку сателитски фотографии, по што нуркачите го посетиле тоа подрачје, не можејќи да пронајдат логично објаснување за овие мистериозни кругови.

Според зборовите на биологот Мосор Прван, внатре во овие кругови не расте ништо и во нив се наоѓа само песок и тиња.

Интересно е што локалното население ги поврзува овие мистериозни кругови со чудни светла кои се појавуваат на небото. НЛО експертите веќе упатуваат на тоа дека круговите ги направиле некакво НЛО.

Изгледа дека некој или нешто ги отстранило овие морски билки со огромен алат. Биолозите не знаат кога овие кругови настанале ниту како, но од некоја мистериозна причина во нив ништо не расте.

Поморските биолози се обиделе да откријат дали овој феномен можеби бил предизвикан од ловење со помош на динамит или трагање по нафта, но експертите во тие подрачја наведуваат дека таквите активности не би оставиле траги кои би биле до толку симетрични.

Хрватските биолози размислувале за тоа да направат хемиска анализа на песокот кој е внатре во круговите, мислејќи дека тоа ќе им помогне да дојде до нови траги.

Како што наведуваат хрватските новински агенции, локалното население верува дека мистериозните кругови директно се поврзани со мистериозните сфери и светслосните објекти кои често го посетуваат ова подрачје.

Постои и извештај од 1997 година во кој на локалната полиција јавено и е дека светлечките сфери се појавиле во морето. Овој феномен никогаш не бил објаснет и никој не знае како тие сфери настанале и за што служат.

Хрватската војска негира било каква поврзаност со овие мистериозни кругови.

 

Scroll to Top