Момче е осудено на смрт затоа што ја шверцувал Squid game во Северна Кореја, ќе му пресуди стрелачки вод како во серијата

Момче било осудено на смрт затоа што прошверцувал копија од популарната јужнокорејска серија Squid game во Северна Кореја. Ова е првпат некој да биде казнет во оваа земја по новиот закон, кој за цел има да спречи ширење на странско влијание во рамки на нејзините граници.

Се верува дека средношколецот ја внел епизодата од оваа земјиа од Кина преку USB, a бил откриен откако безбедносните камери го фатиле како се обидува да им ја продаде на неговите колеги. Како што пишуваат азиските медиуми, ќе му пресуди стрелачки вод, како во серијата.

„Сè започна минатата недела кога еден средношколец купил USB на кое биле епизодите од јужнокорејската серија Squid game и ги гледал со неговиот најдобар пријател од класот“, рекол неименуван извор за радио Free Asia.

„Пријателот разгласил на другите ученици, а USB го поделил со оние кои биле заинтересирани за серијата. Го фатиле цензори специјализирани за сузбивање на ширење на илегални снимки, откако добиле дојава“, рекол изворот.

Наводно со него биле уапсени уште 7 ученици кои се осудени на 5 години тешка работа. Според некои извештаи, нивните родители кои биле моќни, со 3000 долари мито, успеале да ги омекнат властите за да им ја ублажат казната за нивните деца.

„Луѓето се жалат дека светот е неправеден затоа што родителите кои имаат пари и моќ, може да јанамалат казната за своите деца, дури и тогаш кога се осудени на смрт“, рече изворот.

Ова е првпат некој да биде казнет во оваа земја според новиот закон. Според него, строго се казнуваат сите кои поседуваат странски филмови и облека или користат странски зборови. Властите со овој закон се борат против она што режимот го нарекува реакционерна мисла.

Смртната казна го чека секој оној кај кого ќе се пронајдат голема количина на содржина од Јужна Кореја, САД или Јапонија, а оние кои гледаат такви снимки им се заканува затворска казна од 15 години.

Познавачите на ваквите прилики во оваа држава, сметаат дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се обидува на овој начин да ги спречи ширењето на информации кои доаѓаат од надвор до народот на Северна Кореја, затоа што животот во земјата станува сè потежок.

Се смета дека милиони жители гладуваат и дека Ким својот режим се обидува да го зачува со силна пропаганда и спречување на доток на било какви информации од Сеул.

 

Scroll to Top