Морган Фриман: „Монсанто“ спроведува депопулација на планетата

By

„Злосторничката деловна пракса на ‘Монстанто’ спроведува депопулација на планетата, еден по еден животински вид во исто време“, вели Морган Фриман, кој предупредува дека треба да се преземе акција против компанијата за  човековата раса да преживее.

Не само што „Монсанто“ доби монопол над светското производство на храна туку, според Морган Фриман, неговите производи предизвикуваат девастација меѓу луѓето, дивите животни и околината воопшто.

„’Монсанто’ активно ги уништува пчелите и си игра Господ обидувајќи се да испише нови правила на природата само поради алчност“, објасни Морган Фриман, кој истакна дека генетски модифицираните организми (ГМО) во лебот и путерот од „Монсанто“ ги бришат пчелите од оваа земја.

„Пчелите се одговорни за запрашување големи површини на посеви од кои зависи човештвото“, изјави Морган Фриман, предупредувајќи за последиците за човековата раса.

Но, за разлика од многуте холивудски ѕвезди, Фриман не се занимава само со празни приказни. Морган Фриман ги извалка рацете и ја игра својата улога во борбата против „Монсанто“.

Во настојување да помогне за раст на популацијата на малите опрашувачи, актерот го претвори својот ранч од 124 хектари во државата Мисисипи во засолниште за дивите пчели. Изнајми градинари, посади стотина цветни стебла и насади многу хектари земја со детелина.

Почнувајќи со 26 кошници, актерот се претвори во искусен пчелар. Важно е тоа што постави строга забрана за „уништување на животот“ што го спроведува „Монсанто“ со своите производи.

Делата говорат повеќе од зборовите

Со своето дејствување Фриман јасно ја покажал својата љубов за животните и околината. Актерот се појавил во епизодата на шоуто на „Лари Кинг“ минатата година, каде што ја истакнал одговорноста што луѓето ја имаат во вознемирувачкиот пад на популацијата на пчелите.

Во текот на настапот Кинг го прашал Фриман: „Дали би го обвиниле ‘Монсанто’ за производство на нивниот Roundup или владата поради нивните лажни правила за пестицидите?“

Со емоции во гласот, Фриман одговорил:

„И двете, беше застрашувачко да се гледа губењето на колонии пчели, особено во оваа земја, до таа мера што научниците сега говорат дека тоа е опасно за луѓето“.

Актерот исто така истакна дека масовното изумирање на пчелите треба да служи како страшно предупредување за човештвото, споредувајќи ја смртта на пчелите со „канаринци во рудник“.

Пред многу години, пред денешната напредна технологија во рударството, канаринците служеле за откривање на отровните плинови, како метан, во рудниците. Тие биле сместени во рудниците, а потоа било забележано нивното однесување.

Кога количината од плин ќе го достигнела отровното ниво канаринците ќе се разболеле, пееле погласно или умирале, што укажувало дека работниците требало веднаш да излезат од рудникот.

Импликациите од изумирањето на пчелите веројатно се многу потешки отколку што повеќето луѓе сфаќаат и мислат.

 

 

Ќе ви се допадне