Му дојде ли крајот на Путин?

By

Во светските медиуми сè повеќе се шпекулира околу тоа кога ќе дојде крајот на владеењето на Владимир Путин. Рускиот претседател преживеа голем број кризи во минатото.

Неговата моќ е голема, а се чини дека сега, тој својата положба ја има зацврстено подобро од кога било претходно. Но, крајот на неговото владеење би можело да дојде многу побрзо отколку што некои аналитичари предвидуваат.

„Режимите како на Путин, обично паѓаат. Тоа често е изненадување и болно за оние кои долго време се на власт“, пишува Theneweuropean.

Неговото соочување со кризата со Ковид-19, е занемарливо. И покрај недоволното известување на Кремљ за реалните податоци, Русија сега има повеќе забележани случаи на зараза со коронавирусот, од која било друга земја, (ако се земе во предвид дека САД е земја во која има 2,5 пати повеќе житли од неа).

Во согласност со своите колеги популисти, Путин на почетокот реагирал на епидемијата демантирајќи дека таа воопшто постои во неговата земја. Путин тогаш во голема мерка исчезна од очите на јавноста.

Оваа тактика Путин често ја користи во време кога се случува голема незгода, пренесува српски „Курир“. Сетете се само на моментот кога се случи трагедијата со подморницата „Курск“, брзо откако ја превзема челната функција во земјата, пишува Theneweuropean.

Акцијата на исчезнување на Путин, е смислена за да ги избегне сите моменти кои го поврзуваат со лошите вести. Жешкиот компир се пренесува на неговите потчинети, а тој подоцна излегува во јавноста и го решава проблемот, (кој полека почнува да се повлекува), а тој ги добива пофалбите.

„Овој пристап се покажал како лош за кризата која избила поради коронаата. Колку повеќе вирусот бил забележан во земјата, толку повеќе Путин бил отсутен.

Но, откако се врати Путин на сцената, беспоштедно покажал однесување на диктатор, кој предолго време бил издвоен од обичниот живот.

Путин често делувал незаинтересирано за човечкото влијание на кризата. Се чини дека неговата главна загриженост е само економската штета, за која несомнено се исплатува да се биде загрижен и падот на неговиот рејтинг.

Кризата открила како неуспесите на Путин ја оставиле Русија слаба и неспособна за соочување со кризата, истакнува Theneweuropean.

Се наведува дека Путин претходно имал среќа што најголем дел од неговиот период на власт, се поклопил со долготрајното руски извоз на нафта и гас.

„Трагично за рускиот народ, голем дел од огромното богатство кое го создаде е потрошено на сјајни градежни проекти и злоупотреба и нелегално трошење на парите од страна на режимот и неговите пријатели. Огромни средства кои постоеле, можеле да бидат потрошени на подготовки за работа на здравствениот систем со висок квалитет. Наместо тоа, руските, слабо платени медицински работници (многу од нив не ги примиле скромните бонуси кои им биле ветени за работа на ковид одделенијата), во голем број се заразиле со коронавирус, а голем дел од нив и починале. Според извештајот на „Њујорк Тајмс“, до средината на мај, починале повеќе од 180 лекари, 75% од персоналот на една болница во Моска биле болни, а 1465 здравствени работници во Санкт Петерсбург, заболеле од вирусот, што претставува една шестина од вкупниот број на случаи во тој град“, пишува Theneweuropean.

Голем дел од тоа може да се припише на личната заштита на опрема која е или неисправна или не постои. Инаку положбата на Русија е полоша по неуспехот на Путин, да добрата година ја искористи за модификација на својата економија, која екстремно е зависна од нафта и гас.

„На рускиот буџет е неопходна цената на нафтата од 42 долари за барел. Со оглед дека глобалната потрошувачка е опадната и е намалена цената на околу 20 долари, изгледа дека тоа ниво наскоро нема да биде достигнато. Во тие околности, Путин одлучува да ја покрене нафтената војна со Саудиска Арабија на почетокот на март, што создава презаситеност на пазарот.С ега се гледа колку таквиот потег бил кратковид и непромислен“, се наведува во текстот на Theneweuropean.

Може да се предвиди дека ваквиот потег е лош, затоа што Кина, клучниот пазар за руската нафта и гас, беше во канџите на короната, а глобалното економско производство, веќе било забавено.

„Путин ги контролира медиумите и ги запре сите потенцијални алтернативи на своето владеење. Во огромната земја, како што е Русија, појавувањето на тлевизија е и понатаму од витално значење, за оние кои сакаат да изградат политичка поддршка во бирачкиот дел.

Ускратувањето на пристапот на потенцијалните предизвикувачи, значи дека на многу луѓе им е тешко да замислат некој друг, освен Путин, да биде главен во земјата.

Што може да влијае на тоа Путин побрзо од планираното да си замине од Кремљ? Тоа е само пучот.  Моќта на Путин лежи во тоа што е прифатен за арбитар и прв меѓу еднаквите од страна на разни други моќници.

Ако неговото владеење може да го доведе во опасност целиот систем и биде загрозено сето она што таа елита го постигнала за себе, можно е некој од нив да се обиде да спречи колапс, на начин на кој ќе го испрати Путин од Кремљ.

Осигурувањето на мирната транзиција од власта на Путин, до некој нов е многу дискутабилна со оглед на недовербата и ривалството во елитата со која тој вешто манипулира.

Но, неговите главни проблеми се поголеми. И додека тоа можеби нема да се случи следната недела или следниот месец, изненадувачкиот крај на владеењето на Путин е нешто што не може да се исклучи во целост.

 

 

 

 

Извор/Курир.рс/Theneweuropean.

Ќе ви се допадне

God Bless Dancougar Episode Full

WCOStream: Nanaka 6/17 anime episode 12 online free at https://wcostream.cc black clover wcostream

The Wind Rises Episode Full

AniWatch: Baby Steps 2nd Season anime episode 25 online free at https://aniwatch.pro free anime

Lifeofpix: https://www.lifeofpix.com/photographers/gogoanimelol/

Gfycat: https://gfycat.com/@kissanimemx