На Македонија ѝ се закануваат катастрофални земјотреси

По четири силни земјотреси во 2017 година, кои биле со сила од 7 степени според Рихтеровата скала, научниците предвидуваат дека оваа година ќе има двојно катастрофални земјотреси.

Силен земјотрес од 7,9 степени се случил во јануари 2017 година на брегот на Алјаска. Во Хондурас имало земјотрес со сила од 7,6 степени според Рихтер, во Перу со јачина од 7,1, а потоа во Мексико со јачина од 7,2 степени.

Во овие земјотреси имало голем број жртви поради што научниците се обиделе да пронајдат одговор на прашањето што нè чека во иднина. На основа на географските податоци, геолозите велат дека не нè очекува ништо добро, напротив. Тие најавуваат дека оваа година ќе се случат двојно повеќе земјотреси.

Според тврдењата на научниците, истите се случуваат поради силната врска помеѓу ротацијата на Земјата и сеизмолошките активности. Од 2011 година планетата се движи сè побавно, а ваквата промена, иако е минимална, може да биде причина за интензивни активности во внатрешноста на Земјата.

Американските научници напоменуваат дека забавувањето на Земјината ротација довело до двојно зголемување на бројот на силни земјотреси, велат во извештајот Роџер Билем од Универзитетот на Колорадо и Ребека Бендик од Универзитетот во Монтана.

„Земјата ни испраќа петгодишни предзнаци за идните потреси“, вели Билем. „Така можеме да заклучиме дека оваа година ќе има голем број земјотреси.

Според извештајот за светскиот ризик за 2018 година најнесигурна земја на светот е Вануат, островска држава во Тихиот Океан, на која ѝ се закануваат природни катастрофи од типот на земјотреси, вулкански ерупции и циклони. Потоа цел се Тонга, Филипините, Гватамела и Бангладеш.

Албанија според тие податоци е најризичното подрачје во Европа и според опасностите од природни катастрофи се наоѓа на 40. место.

На самиот врв е и Холандија. Хрватска и Словенија се во групата побезбедни земји, а се наоѓаат на 125. место, односно 134. место на листата која опфаќа 171 земја.

Србија се наоѓа на 68. место на најновата листа, Босна и Херцеговина на 91., а Македонија на 98. место на оваа листа.

Катар е најбезбедна земја на светот, а следат Малта, Саудиска Арабија, Барбадос и Гренада.

 

Scroll to Top