На Марс му е потребно магнетно поле за да стане населив, за толкава енергија требаат многу нуклеарни реактори, велат научниците

By

За било каков облик на долготрајно престојување на луѓето на Марс, било да се работи за колонизација, посети или патувања, би ни била потребна стабилна атмосфера која не губи премногу честички и низ која не пробиваат опасните вселенски зрачења.

dobivaj vesti na viber

Научниците од разни Универзитети и организации, вклучувајќи го и Џејмс Лaуер Грин од НАСА, предлагаат да покренеме магнетно поле на планетата и на тој начин да ги заштитиме луѓето од смртоносните атмосферски услови.

„За да можат луѓето долготрајно да престојуваат на Марс, би требало сериозно да се размисли за тераформирање на планетата“, напишале експертите во новото истражување, а пренесува Futurism.

„Еден од главните предуслови за тераформација е заштита која ја овозможува планетарното магнетно поле, кое во овој момент не постои на Марс“, додале тие. Земјата има силно магнетно поле, додека она на Марс е исклучително слабо и фрагментирано.

Научниците наведуваат дека една од првите цели на тераформирањето би требало да биде зголемувањето на атмосферскиот притисок над Армстронговата линија, праг кој на луѓето им овозможува да преживат без заштитно одело. Под тие граници, водата во белите дробови и очите почнува да врие.

Но, како да се покрене магнетното поле на Марс? Научниците предложија неколку начини: рестартирање на железното јадро на Марс или користење на серија поврзани извори со контролиран зрак на наелектризирани честички, во облик на голем прстен.

„Предложеното оптимално решение е целосно нова технологија. Решението со најмала моќ, склопување и маса е да се создаде вештачки прстен од наелектризирани честички низ планетата. Тоа би можеле да го постигнеме со исфрлање на материја од една од сателитите на Марс, притоа користејќи електромагнетни и плазма бранови за да ја придвижиме нето струјата во прстенот, што би резултирало со целосно магнетно поле“, велат научниците.

Непотребно е да се каже дека создавањето магнетно поле би барало огромни ресурси; апсолутниот минимум потребна енергија би бил околу 10¹⁷ џули, што е речиси вкупната потрошувачка на енергија на сите луѓе на Земјата во 2020 година. Ова значи дека веројатно би требало да користиме реактори за нуклеарна фисија за тоа.

Иако авторите на студијата не тврдат дека магнетното поле е неопходно за живот на Марс, се чини дека е прилично тешко да се замисли одржлива присутност на таа планета без тој фактор. Проблематично е единствено како тоа да се изведе и дали сакаме некогаш во иднина да успееме да спроведеме еден таков проект.

Истражувањето How to create an artificial magnetosphere for Mars, Како да создадеме вештачка мегатосфера на Марс, наскоро ќе биде објавено во списанието Acta Astronautica.

 

Ќе ви се допадне