Најџел Фараж смета дека ЕУ нема да постои за десет години

Европскиот пратеник од Велика Британија, евроскептикот кој е наречен и автор на брегзит, Најџел Фараж, оценил дека ЕУ за десет години нема да постои ваква како што е сега.

Фараж во своето обраќање истакна дека револуцијата на националните држави само што започнала.

„Би бил изненаден ако ЕУ за десет години, каква што е сега, опстане“, порача тој и покрај негодувањето на публиката.

Фараж изјави дека не сака само Велика Британија да истапи од ЕУ, туку и целата Унија сака да излезе од ЕУ.

Изјави дека ЕУ е голема бирократија поврзана со големите трошоци и која работи за голем бизнис.

„Ни се закануваа дека ќе ни се случат страшни работи ако одлучиме да излеземе од членството, дека пазарот ќе биде блокиран и дека сѐ во земјата ќе се распадне, но тоа не се случи“, нагласи тој.

Тврди дека во ЕУ големиот бизнис креира планови за речиси сѐ, дека сѐ повеќе регулира, што го отежнува влезот на новите играчи на пазарот.

ЕУ, според неговите зборови, не е никаков слободен пазар, туку еден вид глобализирана корпорација.

Фараж изјави дека верува во конкурентноста и можноста својата земја надвор од ЕУ да воспостави врска со сите со кои таа сака, со многу повеќе партнери отколку што може да добие како членка на ЕУ.

Исто така, истакна дека Британците гласале за излез од ЕУ не за да ги прекинат сите врски со Унијата и светот, туку за тој мост да остане со желба да може да го контролираат во рамките на тоа кој може да го помине, а не тоа да го прави Брисел место нив.

Преголемата регулација на ЕУ падна како економски фактор во светот, додал тој.

Фараж, изјавил дека Американците, како и Британците, со изборот на Доналд Трамп гласале за фокусирање на својата држава.

„2016 година била година на национални држави. Таа револуција штотуку почна“, порача тој.

Го критикувал Брисел дека не извлекол исправни поуки од брегзитот затоа што понатамошната интеграција не е одговор на проблемот што доведе до излез на една членка.

Според неговите зборови, ЕУ ја укинала демократијата додавајќи дека нема независни држави во ЕУ затоа што за нив одлучува Брисел.

 

Scroll to Top